Контакт

Македонија

Беса: Кривична одговорност за правните лица што потфрлија во непогодата

Објавено пред

Јавниот обвинител на Република Македонија, да покрене истрага за идентификување на кривичната одговорност на правните лица, кои со својата пасивност дозволиле една ваква непогода, бараат од движењето Беса.

dobivaj vesti na viber

„Од градоначалниците на Арачиново и Гази Баба, градоначалникот на Град Скопје (кој претходно бил и градоначалник на Гази Баба), до министерот за Животна средина и просторно планирање, па и понатаму до актуелниот премиер, како и сега фактичкиот, а бивш премиер, има неколку референтни лица кои треба да сносат кривична одговорност за оваа катастрофа“, велат од Беса.Тие побараа градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да приложат оставки во знак на политичка и морална одговорност, бидејќи не успеале да менаџираат со соодветната инфраструктура. Според нив, од политички и морален аспект, треба да даде оставка и министерот за Животна средина и просторно планирање, Башким Ахмети, бидејќи тој го покрива ресорот за превенција на ваквите катастрофи. „Нормално би било политичка одговорност да сноси и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој десетина пати собрал гласови низ тој регион, притоа ветувајќи канализации и водоводи, а никогаш не ги исполнил таквите ветувања“, порачуваат од Беса.Движењето Беса ги смета за непристојни театралните сцени во кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ престојува во посета на Хасанбег, придружуван од своите активисти од ДУИ, додека тие заедно веќе десет години гласале буџети скоро милијарда евра за проектот „Скопје 2014“ и во ниеден буџет не издвоиле средства за превенција на оваа катастрофа. „За да се спречи некоја наредна катастрофа, во која државните власти повторно би продавале демагогија и би се сликале, ја повикуваме Владата не Република Македонија на својата следна седница да издвои неопходни средства, на крајот на краиштата да поништи некој мајмунски кафез или некој коњ од скопскиот плоштад, и тие средства да се алоцираат за целосно регулирање на инфраструктурата на поплавените населби“, порачуваат од Беса. /крај/со/ст

Македонија

СДСМ бара промени обвинувајќи го Мицкоски дека Македонија е претворена во приватна компанија

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања, реагираат од СДСМ.  Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата.

dobivaj vesti na viber

„Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт. И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот. Наместо да ја користат својата енергија и потенцијал за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ. Не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за ‘своите’. Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пеце Мирчевски аздисал и го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Кадрите на СДСМ со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на оваа партија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале. Мирчевски од СДС  потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани. Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски. Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар.

„Мирчевски од СДС освен што свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши, се расшетувал со народни пари. Мирчевски користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист, за себе и за свои блиски лица. Одговорност има“, завршуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Граѓаните може да аплицираат за уред за „Итно копче“ во Општина Центар

Објавено пред

Во тек е јавниот повик за аплицирање за услугата „Итно копче“ во Oпштина Центар. Како што информираат од Општина Центар, со оваа нова услуга на повозрасните граѓани над 65 години им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.

dobivaj vesti na viber

-На јавниот повик можат да се пријават жителки и жители над 65 годишна возраст од Центар, со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба. Корисниците коишто сакаат да се пријават треба да бидат со адреса на живеење во Општина Центар, да не надминуваат висина на пензија од 35.000 илјади денари и лица кои немаат дијагностицирано деменција, поради тоа што уредот не е соодветен за лица со деменција и Алцхајмерова болест. Оваа услуга е бесплатна и може да ја користи само еден член на семејството, посочува од општинската прес-служба.

Од општината појаснуваат дека повозрасните жители може да аплицираат со пополнување на барање за користење на услугата Итно копче кое се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвениот крст, со копија од лична карта и со копија од чек од последна пензија. Сите документи, заинтересираните жители можат да ги достават во канцеларијата на Итно копче – ул. „Славе Георгиевски Шнајдер“ бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330. Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски посоочува дека повозрасните центарци можат да добијат итна помош со едноставно притискање на копчето на уредот за комуникација, што се носи како приврзок во форма на нараквица или ланче.

-По активирањето на копчето, сигналот стигнува до Црвениот крст кадешто одговорните лица стапуваат во контакт со корисникот на кого му треба брза реакција за да процени каква помош е потребна, а потоа, во зависност од состојбата се испраќа тим на терен или се повикува итна помош. Се грижиме за сите пензионери и возрасни жители на Центар, вели Герасимовски.

Повеќе информации за јавниот повик за аплицирање за услугата Итно копче може да најдете тука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата,...

Македонија1 час

Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела...

Свет3 часа

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар...

Македонија19 часа

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија20 часа

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија21 час

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија22 часа

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија24 часа

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје1 ден

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија1 ден

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија1 ден

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје1 ден

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион1 ден

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа1 ден

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа1 ден

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет1 ден

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија2 дена

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија2 дена

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија2 дена

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија2 дена

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...