Македонија
Од Фондот за иновации на располагање 1,3 милиони евра

Компаниите може да аплицираат на вториот повик за финансирање предлог проекти што Фондот за иновации го објави во понеделник, а каде во буџетот има на располагање 1.300.000 евра обезбедени со софинансирани грантови за проекти на компаниите.
Заинтересираните компании може да аплицираат до 21-ви октомври, информира вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.Софинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф компании ќе се доделуваат до 30.000 евра по проект, а вкупниот буџет за тој инструмент изнесува 300.000 евра. До 100.000 евра по проект ќе се доделуваат софинансирани грантови и условни заеми за комерцијализација на иновации, за што на располагање се 600.000 евра. Софинансирани грантови за трансфер на технологии Фондот за иновации ќе додели до 200.000 евра по проект. Вкупниот буџет по тој основ изнесува 400.000 евра.Разликата од првиот повик кој беше отворен за старт ап претпријатијата кои постојат најмногу до шест години, според Пешевски, е тоа што на овој повик има можност да аплицираат и позрели претпријатија бидејќи преку инструментот за комерцијализација на иновации се финансираат поголеми проекти во понапредна фаза.„Акцент на соработката има и кај инструментот за трансфер на технологии, каде се охрабрува секториски пристап и здружен настап на микро, мали и средни претпријатија со цел поголем импакт врз секторот и економијата во целост. Со овој инструмент поддршката е насочена кон имплементација на технолошки подобрувања, но и стандардизација и сертификација на претпријатијата со цел поголема конкурентност на претпријатијата надвор од Макеоднија“, рече Пешевски.Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, рече дека условите кај старт ап инструментот и инструментот за комерцијализација на иновации се слични, а за двата инструменти ќе се оценува иновативноста, тимот кој ќе го имплементира проектот, квалитетот на предлог апликацијата и секако влијанието што ќе го имаат врз околината и бизнисот. Со првиот повик објавен од Фондот за иновации и технолошки развој без избрани 16 старт ап и спин оф претпријатија, кои веќе работат на развој на иновативни проекти. За нив беа обезбедени 460.000 евра од Фондот. Најголем дел од апликациите и проектите што се финасираа досега беа од ИТ индустријата, но Фондот финансира проекти од кој било сектор и индустриска гранка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.
Економија
Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.
Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.
Економија
Од полноќ поскап дизел

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.