Забава
Американски авантурист ќе скокне од 7600 метри височина без падобран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/luke-aikins-1.jpg)
Храбриот американски скајдајвер Лук Ејкинс ќе скокне од височина од 7600 метри без падобран и ќе се обиде безбедно да слета во пустина во Калифорнија во потфатот што директно ќе биде пренесуван на телевизија.
Женетиот 42 годишен авантурист, кој за време на 25 годишната кариера има 18.000 падобрански скокови, ќе скокне на 30 јули и ќе се обиде да слета на грб со помош на справа што организаторите ја нарекуваат „лизгалка“.„Ќе направам нешто што повеќето луѓе на светот го сметаат за будалесто“, рече Ејкинс.Ејкинс, кој со тоа би поставил светски рекорд во скок без падобран, соработуваше со Феликс Баумгартнер кога во 2012 година овој Австриец скокна со падобран од височина од 38 километри над Земјата. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
(Видео) Ја покажа „најлудата“ хотелска соба во Амстердам, луѓето не можат да се начудат што има внатре
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/e4d9cb8e-6e21-4e53-be29-0b291503fda7.jpg)
Тиктокер со корисничко име @guyzer сподели снимка од необичното откритие што го дочекало во неговата хотелска соба додека бил во Амстердам. Собата на прв поглед изгледаше сосема обична, но внатре се криеше огромно изненадување.
Имено, во собата има авион. „Ох, има авион во средината на хотелската соба. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, вели тој во видеото, кое е прегледано повеќе од 24 милиони пати и собра 3 милиони лајкови.
@guyzerr There’s a plane in the room #hotel #plane #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – Guyzer
Истражувајќи понатаму, открил дека пилотската кабина е отворена за гостите за да можат „да влезат и да истражуваат“, сугерирајќи дека тоа е сосема нормална хотелска погодност. На крајот од видеото, тој го прогласи авионот за „многу интересен додаток“.
Тиктокерите се обидоа да откријат каде се наоѓа овој необичен хотел, а некој во коментарите напиша дека станува збор за хотелот „Корендон“ во Амстердам.
Забава
(Видео) Падобранец слета на ливада на еден Балканец, беше дочекан со стап: „Имаш минута да одлеташ“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/padobranec.jpg)
Виралното видео беше објавено на „Тик-ток“ со порака „Кога ќе слеташ на балканска ливада“, а за само 18 часа собра повеќе од половина милион прегледи.
На видеото прикажан е падобранец кој се нашол на ливада, но не бил добро примен од сопственикот, пренесува Вечерњи.хр.
Еден постар човек се приближува со стап во рацете, а падобранецот веднаш почнува да се извинува.
„Моја парцела, сакаш ли да те удрам, какво „сори“? „Имаш една минута да одлеташ“, извика сопственикот.
@balkanhumortv #fy #foryou #foryourpage #fyp #yugoslavia #jugo #jugoslavija ♬ Originalton – balkanhumortv
Судејќи по пејсажот и акцентот на лицето, се претпоставува дека снимката е направена некаде во Словенија. Не се знае точно кога, но предизвика реакции кај корисниците во регионот.
Забава
Премногу гласното зборување на вашиот мобилен телефон во Франција може да ве чини 200 евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/pametni-telefoni-mobilni-.jpg)
Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз.
Светот пред неколку дена беше шокиран од веста дека маж во Франција е казнет со 200 евра затоа што зборувал прегласно на својот мобилен телефон.
Лицето познато само како Дејвид зборувало со својата сестра на железничката станица во Нант, Франција, на звучникот на својот мобилен телефон пред да го запре вработен во железничката компанија „СНЏФ“ и да го замоли да молчи.
Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, Дејвид мислел дека вработениот се шегува. Одбил да ја плати казната во станица, а таа се „покачила“ на 200 евра. Тој ангажирал адвокати кои сега се обидуваат да го оспорат плаќањето на казната.
Во Франција не постои закон кој забранува зборување на телефон на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата.
Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. На пример, можете да добиете казна од 60 евра на француските железници дури и ако зборувате гласно на вашиот мобилен телефон без да користите звучник.