Македонија
Одобрен обвинителниот акт за починатата родилка и новороденчето од Гевгелија
По поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство – Велес, Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е одобрен Обвинителниот акт поднесен против тројца лекари – еден анестезиолог и двајца гинеколози
Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители.За потсетување, по спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес во Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В. – лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М. – лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето.Обвинителството донесе Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 било во Крушево, -3 во Битола, Маврови Анови, -2 во Прилеп, -1 во Берово и Кавадарци, 0 во Крива Паланка, 1 во Тетово, Охрид, Претор и Виница, 2 во Струмица и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Штип, 4 во Скопје-Петровец, во Демир Капија и Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 33 на Попова Шапка, 12 во Маврови Анови, 1 во Крива Паланка, Берово.
Времето денеска
Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во планинските региони ќе има услови за повремен локален слаб снег, а на места во западните и северните делови повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Македонија
Врнежи од снег на повеќе патни правци, нема пречки за одвивање на сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по насместа влажни коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар, додека врнежи со среден интензитет се бележат на Попова Шапка и во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Центар и Аеродром денеска без струја
ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови на Центар и Аеродром.
– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од улицата Преспанска, Маџармаало, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од дел од улицата Мите Богоевски 2, дел од улицата Мите Богоевски 6, дел од улицата Мите Богоевски 3, дел од улицата Мите Богоевски 4, во општина Аеродром;
– во периодот од 06.30 до 19.00 часот, корисниците од пат за Горно Лисиче, Лисец, Улица 1627, околина Црква Св Петар и Павле, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром.