Забава
Часовник од 12 млн евра на аукција во ноември
Џебниот часовник, ремек дело на швајцарското часовничарство, од типот „Supercomplication Henry Graves“ проценет на 12 милиони евра, ќе биде понуден на наддавање на аукциската куќа Sotheby’s во Женева на 14-ти ноември.
Овој златен џебен хронограф има 24 функции, од кои некои се многу невообичаени, па така, освен време, покажува различни хронолошки функции за секој час од денот, ги покажува и месечевите фази, па дури и положбата на ѕвездите над Њујорк, со комплетните магнитуди на ѕвездите и со Млечниот пат, и во минута ја повторува ѕвонејќи истата мелодија којашто се слуша од лондонски Биг Бен. Овој часовник изработен во 18-каратно злато, кој меѓу колекционерите и експертите за часовници е познат и како „Светиот грал“ на часовничарството, целосно е рачно изработен во работилницата „Patek Phillippe“ во 1933 година. Го нарачал во 1925 година американскиот банкар Хенри Грејвс Помладиот, а изработката траела цели пет години, на коишто им претходеле три години истражувања.Часовникот првпат е продаден во Њујорк во 1999 година, по 66 години минати во приватен посед. Тогаш како дела од аукцијата „Masterpieces of the Time Museum“, беше проценет меѓу 3 и 5 милиони американски долари, а беше продаден за 11 милиони долари и стана најскапиот часовник продаден на аукција, што останува и денес, наведуваат од Sotheby’s. Денес, пред наддавањето на кое се очекува да биде постигнат нов рекорд, е во сопственост на анонимен колекционер.Неговото појавување на наддавање се совпаѓа со 175-годишнината од основањето на славниот швајцарски производител на часовници „Patek Phillippe“.„Supercomplication Henry Graves“ 56 години беше најкомплицираниот часовник на светот, но денес тоа се часовниците коишто ги изработуваат со помош на компјутери и апарати./крај/мф/сн
Извор: Bloomberg
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.
Забава
Лина Еско: Со Бен Афлек само се кикотевме додека ги снимавме интимните сцени
Актерката Лина Еско откри дека таа и Бен Афлек често се смееле и кикотеле за време на снимањето интимни сцени во новиот филм The Rip, наместо да бидат сериозни.
„Само се кикотевме“, изјави Еско на премиерата во Њујорк на 13 јануари. „Бевме како две луди личности што се забавуваа.“
Во филмот, Еско ја игра капетанката Џеки Велез, а сцените во спалната со Афлек ѝ останале во посебно сеќавање.
Таа го опиша Афлек како драг и опуштен, а целиот тим како неверојатно пријатен.
„На сетот немаше напнатост, претенциозност или драма – сè течеше природно“, рече таа.
Голем дел од заслугите му ги припиша на режисерот Џо Карнахан, кој пуштал музика од саундтракот додека снимале и се грижел сите да се чувствуваат пријатно.
Еско раскажа дека уште при првото читање на сценариото знаела дека сака да биде дел од проектот. По неколку аудиции и „Зум“ разговор со режисерот, ѝ било јасно дека „ова е тоа“.
Откако го видела финалниот филм, рече дека се вљубила во резултатот: „Навистина е одличен. Не го велам тоа секогаш – но овојпат е искрено.“
За што станува збор во филмот?
The Rip е криминалистички трилер на Netflix во кој Бен Афлек и Мет Дејмон глумат полицајци од Мајами, чие пријателство се доведува во прашање кога нивната единица за дрога наидува на огромна сума пари за време на истрага. Во филмот глумат и Тејана Тејлор, Кајл Чендлер и Стивен Јун. Афлек и Дејмон се и продуценти на филмот.
Забава
Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.
Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.
Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.
„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.
Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:
72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).
Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.
Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.

