Забава
Таинствен брод плута по Атлантикот
Брод на кој пловат само стаорци плови кон Велика Британија, предупредуваат експертите, но британската крајбрежна стража не ги потврдува овие наводи.
Товарно-патничкиот брод „Љубов Орлова“, изграден во 1976 година са советски нарачател во британско бродоградилиште, бил напуштен во канадско пристаниште бидејќи сопствениците му должеле на екипажот. Властите во Њуфаундленд се обиделе да го продадат како старо железо на Доминиканската Република, но тога бродот во една бура се ослободил и оттогаш бесцелно плови во водите на северен Атлантик, пренесува во четвртокот британскиот весник The Independent.
Бродот до 1999 година бил во составот на Далкуисточните линии на патнички патувања до Сахалин, на Камчатка, по должина на брегот на Приморскиот регион и во Јапонија, по што е продаден на странска компанија, пишуваат руските медиуми. Во 2010 година бродот е запленет поради долгови, а во 2012 година бил повторно продаден на друга странска транспортна компанија. При една бура во Атлантикот попуштило јажето за врзување иод 24-ти јануари 2013 година 90-метарскиот брод лебди по океанот ло ПРи
Канадските власти објавија дека од тогаш бодот се наоѓа во меѓународните води и „повеќе не претставува закана за безбедноста на канадските нафтени инсталации, ниту за нивните вработени, а ниту за природната околина“.
Експертите сметаат дека на бродот најверојатно има стотици стаорци канибали коишто преживуваат јадејќи се меѓу себе.
Во март 2013 година двапати беа фатен сигнал од бродот па е заклучено дека изминал две третини од патот преку Атлантикот, како и дека плови кон исток. Подоцна е забележан неидентификуван објект со приближна големина крај шкотскиот брег, но пребарувањето со авиони не успеа да потврди за што станува збор.
Пим де Роодес, Белгиец кој се занимава со трагање по потонати богатства, е во потрага и по „Љубов Орлова“, за весникот The Sun вели дека „Таа е близу. Сигурно е полна со стаорци и тие се јада еден со друг. Доколку успеам да се качам на бродот, ќе морам сите да ги иструјам“.
Началникот на ирската крајбрежна стража Крис Рејнолдс изјавил дека тој стар брод веројатно и натаму претставува опасност. „Последните месеци имаше силни бури, но не е лесно да се потопи толкав брод. Мораме да бидеме претпазливи“, предупредува.
Меѓутоа, британската крајбрежна стража не потврдува дека не ги потврдува пишувањата на медиумите дека бродот „Љубов Орлова“ е блиску до брегот или веќе во британските територијални води. „Не сме добиле никакви извештаи за бродот од април минатата година, но, доколку е забележан, ќе реагираме соодветно“, одговорил портпаролот на британската агенција за поморска безбедност и крајбрежната стража./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Нека ѝ каже некој дека нема 25“ – реакции по појавувањето на Џенифер Лоренс
Актерката Џенифер Лоренс привлече големо внимание на доделувањето на Златни глобуси 2026 во Лос Анџелес, појавувајќи се на црвениот тепих во проѕирна тоалета што предизвика поделени реакции.
Станува збор за креација на Сара Бартон за модната куќа Гивенчи– проѕирен фустан украсен со цветен вез, кој остави многу малку на фантазијата. Иако дел од публиката го пофали нејзиниот изглед и самодоверба, други коментираа дека стилот не ѝ прилега на нејзините години.
„Уф, повторно носиме проѕирни фустани?“, гласеше еден коментар, додека друг додаде: „Нека ѝ каже некој на Џенифер Лоренс дека повеќе нема 25 години.“ Еден коментатор напиша дека актерката „изгледа уморно, како да ѝ треба одмор.“ Секако, имаше и такви кои беа воодушевени: „Џенифер Лоренс изгледа апсолутно зачудувачки!“, рече еден обожавател.
Во изјава за ET, Лоренс се пошегува на своја сметка, велејќи дека ќе остане на забавите бидејќи е „гола“, но додаде дека нејзините деца би сакале да била дома. Таа и сопругот се родители на двајца синови.
Фото: ЕПА
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728

