Македонија
Силен земјотрес почувствуван во Скопје

Силен земјотрес се почувствува во недела нешто пред седум часот во Скопје, при што дел од скопјани истрчаа надвор од своите куќи и станови.
Според информациите на Сеизмолошката обсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот е 5 километри североисточно од Скопје со епицентри на 2 километра под земјината површина и интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Според порталот earthquakenewstoday.com во ажирираните податоци на американскиот геофозички институт USGS земјотресот бил со магнитуда од 4,4 по Рихтер, во 6,58 часот по локално време, на два километра северозападна од Арачиново, или 11 од Скопје.
Според околните станици во неделата утрото во 4,58 часот, бил почувствуван уште еден земјотрес од 3,9 степени според Рихтер, со епицентар во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија, на длабочина од 10 километри.
Ова е само четврти земјотрес кој последниве 365 дена е регистриран на територијата на Македонија со магнитуда поголема од 3,0. Земјотресите со магнитуди ме 4,0 и 5,0 се чувствуваат особено во повисоките објекти, но можат ретко да предизвикаат помали оштетувања. Во светот годишно се регистрираат околу 13.000 потреси со овој интензитет./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја дел од Сопиште и дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од с.Сопиште (на главен пат околу,,Давидоф“).
. во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези-Карпош.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во четврток дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). Во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.