Македонија
Откажана лидерската средба во Виена
Откажана е лидерската средба што требаше да се одржи во петок во Виена. Веста е потврдена од неофицијални извори, а засега нема официјална потврда од кабинетот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој требаше да биде домаќин средбата.
Одложувањето на средбата e најавено откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев го услови своето учество на средбата и побара повлекување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување и одложување на изборите закажани на 5-ти јуни.Засега нема потврда дека одложувањето евентуално е предизвикано од ставот на Заев.Своето учество претходно го потврдија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На средбата во Виена требаше да учествуваат четирите најголеми политички партии во Македонија, потписници на договорот од Пржино, Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.Целта на средбата требаше да биде спасување, почитување и имплементација на договорот од Пржино за излез од политичката криза. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

