Македонија
Велика сабота, споменот на телесното погребение на Исус Христос и Слегувањето во адот
Велика (Страстна) Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.
На денот на распнувањето на Христос, Јосиф од Ариматеја, член на синедрионот (јудејското црковно собрание) од Понтиј Пилат добил дозвола да го погреба телот на Исус, обично телата на распнатите ги оставале на крстовите да ги колваат птиците, но со дозвола од римските власти им биле предавани на блиските да ги погребат. Симнувањето од крстот и повивањето, според обичајот на Евреите, во покров со миризливи масла, Јосиф и еден од тајните ученици на Христа, Никодим, го положиле неговото тело во пештера за погребување и на нејзиниот влез ставиле голем камен.Првосветштениците и фарисеите знаеле за пророштвото на Христа и Неговото воскресение, но не верувале во ова претскажување и стравувале дека апостолите ќе го украдат телото на Учителот и ќе им кажат на луѓето дека воскреснал и затоа побарале од Пилат да постави пред гробницата римска воена стража, а самиот гроб го запечатиле (Мат. 27, 57-66 ;. Јован 19: 39-42), без да знаат дека со тоа само ќе осигурат доказ за вистинитоста на Христовото Воскресение.Распнатиот во петокот и воскреснат во неделата, Христос во саботата слегува во пеколот, за да ги изнесе од таму луѓето, ослободувајќи ги робјето.Во православната традиција не постои икона или фреска на Воскресението. Приказот на Хрисост во бела рува како излегува од гробот со знаме во раката е понова католичка верзија. Традиционалната православна верзија ги опишува настаните поврзани со Велика сабота, наречена „Слегувањето во пеколот“.На неа Христос ги држи за рацете Адам и Ева и речиси ги изнесува од местото на вечната тага. Искачувањето уште не е започнато, одеждата на Христа е како по брзо спуштање, тој е веќе симнат а неговата облека како да се спушта по него, Ова е точка на границата на почетокот, од неа оди нагор, од пеколот до Небесата. Христос се втурнува во адот, и разбиените порти на пеколот лежат под неговите нозе.„Слегувањето во пеколот“ е приказ за тоа зошто Бог дошол на земјата и ја примил смртта. На фреската е претставен преломниот момент, мигновената средба на двете крајни спротивности, но заеднички според целта дејствија: почетната точка на Божественото потекло се покажува за првичната поткрепа на човековото искачување. „Бог стана човек, за човекот да стане бог“, е формулацијата на православното поимање на човекот. „Велигден“ и означува „премин“, избавување.Во православието службата за Велика сабота сочувала редица карактеристики на ранохристијанската богослужба, специфики кои се опишани во спомениците од IV век. Во древните времиња, на овој ден се извршувало крштевањето на катихумените, луѓето воведени во тајните на верата и посветени во неа преку проповеди, а остатокот од денот бил исполнет со старозаветни чатења. На Велика сабота прво се служи утринската литургија, кон чиј крај Покровот (Плаштеницата) се носи околу храмот, носејќи ја до отворените царски двери и се враќа во „гробницата“ на средина од црквата.Потоа започнува подготвителната за Вечерната богослужба, кога се читаат 15 паремии, старозаветните пророштва за страста, смртта и воскресението на Спасителот и за славата на новозаветната црква. Имено во времето на тие богослужби во Цариградските и Ерусалимските цркви се извршувало крштевањето на воведените во верата. За новопокрстените било наменето и апостолско четение (Рим.6 :. 3-11), кое се сочувало и во современата литургија на Велика сабота и потсетува дека „крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт“, мртви за гревот и живи во Бога.Со читањето на Апостолите завршува погребалниот ден сабота, попладнето, и започнува претпразничното Свето Христово Воскресение.Во старите времиња по завршувањето на саботната литургија оние што се молеле во очекување на велигденското утро не заминувале, и го благословувале лебот, кој се раздавал за нивно закрепнување а времето меѓу вечерната литургија на Велика сабота и Велигденското утро го исполнувале со читања на Делата на светите Апостоли. Сега, благословувањето на лебот и виното се врши веднаш по завршувањето на литургијата, а читањето на Делата во вечерните часови.Во текот на Велика сабота, многу почесто порано, во храмовите обично се осветувала велигденската храна, како јајца, колачи… Малку пред полноќ се служи полноќната литургија на која Покровот се внесува во олтарот и се полага на престолот. Велигденската Голема или Утринска е свечена литургија посветена на Христовото воскресение и започнува обично на полноќ.Велика сабота е и ден на исчекувањето. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за Големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ. На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“.Велика Сабота е ден на покојот. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од петокот. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. На овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.Велика Сабота е определена и како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови
Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот.
Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на терен интервенира Водостопанство „Брегалница“, додека полицијата од Кочани го обезбедува подрачјето и го регулира сообраќајот. Зрновска река се излева пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи Регионалниот центар за управување со кризи. Злетовска река и Брегалница имаат зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса се интервенира поради одрон.
Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со механизација, додека Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. Регионалниот центар за управување со кризи Охрид ги координира пријавите преку бројот 112. Кај Коселска река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, се преземаат мерки за заштита на патниот правец.
Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините се заезерени, а состојбата со поплавените објекти на улицата „Прилепска“ е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување на теренот, додека Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.
Во Битолскиот регион, во Општина Битола се вршат теренски контроли од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, „Македонија пат“ расчистува на регионалниот пат Р-2333, а Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозените површини.
Во Куманово, Липково и Крива Паланка состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство, а „Македонија пат“ и комуналните претпријатија вршат превентивно расчистување и посолување на ризични патни делници.
Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање на потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевање кај реките Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, патот се расчистува со механизација. Во Гостивар, ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.
Македонија
ЗНАМ: Одбивањето лидерска средба е признание за политичка слабост
Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за одржување лидерска средба, оценувајќи ја како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во, како што наведуваат, клучен момент за државата.
Од ЗНАМ реагираат дека денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, покажала отсуство на капацитет и волја за конструктивен политички дијалог, при што, според нив, наместо аргументи се нудат поделби, навреди и неосновани обвинувања.
„Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници“, се наведува во реакцијата, додавајќи дека, наместо соочување со сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада.
Од Движење ЗНАМ за Наша Македонија нагласуваат дека се залагаат за целосно и непречено функционирање на институциите, одговорно носење одлуки и изнаоѓање конкретни решенија во интерес на граѓаните и државата. Според нив, на Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не блокади, уцени и калкулации.
Во соопштението се посочува дека иницијативата за лидерска средба претставува можност релевантните политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните, при што одбивањето на дијалог, како што наведуваат, е признание за слабост.
ЗНАМ порачува дека останува определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија.
Македонија
Променливо облачно утре, дожд и снег најавени за северозападните делови
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините се очекува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -9 до -2 степени, а максималните од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6 степени, а дневната ќе достигне околу 4 степени.
Во наредните денови следува нестабилен период. Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и повисоките места од снег, а во пониските предели од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува и дополнително зголемување на снежната покривка.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, а ќе има и повремени локални врнежи од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што на одредени места дневните температури ќе останат под нула степени.
Од вторник се најавува период на стабилно и суво време.

