Македонија
Во СЈО дојде министерката за култура Канческа-Милевска
Малку по 12 часот во понеделникот во Специјалнот јавно обвинителство се појави минситеркта на култура Елизабета Канческа-Милевска, известува репортерот на Макфакс.
Како и претходно за бизнисменот Орце Камчев кој исто така во понеделникот престојуваше во обвинителството формирано за дела кои може да произлегуваат од нелегално прислушуваните телефонски разговори на граѓани и претставници на власта, новинарите не успеаја да дознаат во кое својство во СЈО е повикана министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Се претпоставува дека министерката е повикана во врска со проектот „Скопје 2014“, за коешто опозицијата имаше големи забелешки, конотирајќи го со финансиски малверзации.
На 26-ти јули, градоначалникот на скоспката општина Центар, Андреј Жерновски во СЈО достави два ревизорски извештаи, изработени на барање на Општината во врска со проектот „Скопје 2014“.
Тој тогаш не сакаше да сподели повеќе детали од исказот во ова обвинителство затоа што се работи за предистражна постапка која е тајна, само истакна дека проектот првично бил најавен дека ќе чини 80 милиони евра, но оти сега чини осум пати повеќе, односно 640 милиони евра.
Наводно, Жерновски требаше да биде испрашуван за четири споменици од „Скопје 2014“, и тоа за „Воин на коњ“, фонтаната со коњаникот во центарот на плоштадот „Македонија“, за споменикот на Цар Самоил, исто поставен на плоштад, за споменикот на Методија Андонов – Ченто и за комплексот „Воин“’ од другата страна на Камениот мост. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

