Забава
Почна гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2014“
Седмиот традиционален Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2014“ почна во среда вечер на скопското Кале, а ќе трае сè до недела, 24-ти август.
Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Скопската тврдина Кале од денес ги отвора вратите за љубителите на пивото и на добрата забава, овозможувајќи петдневно гурманско фестивалско доживување. Среќен сум што овој фестивал од година во година станува се попосетен, па така од денес, па сè до недела љубителите на пиво ќе можат да уживаат во 50-тина видови домашни и странски пива и во големиот избор на македонска традиционална храна од различни ресторани. Пет фестивалски денови, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, како и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава, се само дел од она што нè очекува на годинешниов „Гурмански викенд“, најави Трајановски.
Фестивалот на пивото почна со настапот на македонската група „Астероид Б 612“, а пред публиката се претставија и Бени и Нон Стоп, Леб и сол, Хроматик Поинт и македонскиот андерграунд бенд Д Џон.
Како и секоја година, така и оваа влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата, повторно ќе бидат организирани катчиња каде што ќе се играат познатите пивски игри. Поради огромниот интерес од младите македонски авторски бендови, артисти и диџеи, организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ, таканаречен „Фреш“ на кој сите посетители на Пиволенд ќе можат да ги слушнат и видат сите нови македонски музички имиња чиешто време доаѓа.
Генерален покровител и на ова издание на Пиволенд е Градот Скопје, а за оваа намена од Буџетот се издвоени 200.000 денари.
Во продолжение следува програмата:
Четврток 21.08.2014 година
– сцена Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)
– К.У.Р (Културно Уметнички Работници)
– СИЗ
– СМАТ
– Тијана Дапчевиќ
– МВП
– Мизар
Петок 22.08.2014 година
– сцена Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)
– Пука Банд Брука
– Тумбао Салса Бенд
– Тајзи
– Тамара
– Дј Славе
– Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)
Сабота 23.08.2014 година
– сцена Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)
– Димитар Андоновски
– Трибјут 2 Пинк Флојд
– Дани Димитровска
– Јосип А Лисац
– Жаре Бербер
Недела 24.08.2014 година
– Бански Старчета
– Селимова-Желчевски
– Влатко Лозановски- Лозано
– Бета Хаус
– Тони Михајловски и Скандал Састаф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите Rock & Roll Hall of Fame во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата Gossip Girl се појави во долг фустан од тантела, без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамни.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект, што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит-серијата Gossip Girl од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција бидејќи тоа е огромна можност. Gossip Girl е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.

фото: принтскрин

