Македонија
СЈО во вторник ќе го поднесе извештајот за својата работа и ќе биде јавно објавен
Специјалното јавно обвинителство во текот на утрешниот ден, во вторник, ќе поднесе извештај за првите шест месеци од својата работа до Собранието и до Советот на јавните обвинители и овој извештај ќе биде јавно објавен, соопштуваат од СЈО.
Оттаму не прецизираат точно кога ќе биде поднесен извештајот, но Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева нема јавно да го презентира и да го образложува.„Законот е јасен и вели дека извештајот треба да биде поднесен до институциите“, велат од Обвинителството.Специјалното обвинителство досега има отворено три истражни постапки, за предметот „Титаник“, против членови на општинската изборна комисија во Чаир и против судии во Управниот суд. Според последното соопштение во јавноста, СЈО има отворено 15 нови предистражни постапки, но најавуваат дека во вторник ќе го соопштат официјално вкупниот број на овие постапки. Новите предистражни постапки се однесуваат на проверки во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките што се однесуваат на градежни работи.Во предметот „Титаник“ Обвинителството бараше притвор за девет лица за изборни измами, меѓу кои и против поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Влада, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и други лица. На ниеден од нив не им беше одреден притвор. Специјалното обвинителство во последното соопштение се пожали дека голем број институции не соработуваат со нив и ја опструираат нивната работа. „Од институциите што одбиваат соработка со ова јавно обвинителство првенствено би ги споменале Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за безбедност и контраразузнавање, односно Одделот за оперативно техничка поддршка (познат како Петта управа), Единицата за заштита на сведоци при МВР, Општина Битола, одредени министерства, а на оваа листа се надоврзуваат и Управниот суд, Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, стоеше во соопштението на СЈО.Републичкото обвинителство одби да им предаде пет предмети на СЈО со образложение дека не произлегуваат од прислушуваните разговори./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

