Контакт

Култура

Ансамблот на Битолскиот народен театар се врати од Санта Барбара

Објавено пред

Битолскиот народен театар после гостувањето во Санта Барбара се врати во Битола. Градоначалникот на општина Битола, подготви специјален прием за луѓето кои ја претставуваат Битола и Република Македонија во светот, создадоа резултати, а во кабинетот на својот колега, пријател и градоначалник донесоа многу емоции и импресии.

dobivaj vesti na viber

„Со се уште несредени чувства од импресијата која ја имавме во Америка, сакам да се заблагодарам на нашиот Градоначалник Владимир Талески и да му го кажам следното: Големите работи се прават со добри тимови, ние, општината и него лично ги чувствуваме како дел од нашиот тим и секаде каде одиме знаеме дека ја имаме неговата поддршка и тука и во странство и било каде и да сме и сигурно тоа е една од тајните на успешноста на Народниот театар од Битола. Благодарам уште еднаш“, изјави Валентин Светозарев, директор на Народен театар – Битола.

Првпат во историјата на театарот во Санта Барбара – САД, во еден ден, на два меѓународни јазика, во продукција на американска и македонска театарска куќа, а под водство на еден режисер – Џон Блондел, на сцената на „Театар Портер“ беше изведена претставата „Хенри Шести“ од Вилијам Шекспир.

„Нема поубаво чувство за еден актер, за еден ансамбл и за еден театар кога ќе освои уште едно парче од светот, токму со македонскиот јазик, во име на својот театар, во име на својот град Битола и се разбира во име на нашата земја“ – Македонија, изјави Соња Михајловска, актер.

Во претставата „Хенри Шести“ во Санта Барбара играа актерите Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Иван Јерчиќ, Петар Симовски, Габриела Петрушевска, Огнен Дранговски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Васко Мавровски, Валентина Грамосли, Филип Мирчевски, Кристина Христова, Никола Пројчевски, Митко Ивановски-перкусионист и Миодраг Неќак кој, како композитор, се појавува и на театарската сцена.

На средбата со Градоначалникот Талески, сите проговорија за големите импресии од Санта Барбара, но и за исклучителната благодарност кон својот колега и прв човек на градот за искажаното внимание кон нив како луѓе кои ја претставуваа Македонија и македонската култура во светот.

„Посебно после Лондон, импресиите се уште поголеми со гостувањето во Америка и навистина чест е да се биде дел од екипата на нашиот битолски театар кој веќе настапува не само како битолски, туку како театар од Македонија презентирајќи ја нашата култура надвор од земјата. И она што се случува секаде, и во Лондон и во Америка импресиите се огромни од начинот на разбирливоста на нашиот сценски говор, разбирливоста на нашата претстава што е многу важно и секако што е направено од режисерот Џон Блондел кој успеа македонскиот јазик да го донесе на светско ниво да биде разбирлив на сценски јазик, онака како што заслужуваме да не разберат сите оние што не го познаваат нашиот мајчин јазик. Презентирајќи ја нашата култура се чувствувам како еден голем амбасадор на Македонија…Чувството е великодушно…Би сакал сите такво чувство да имаат“, изјави Петар Горко, актер.

Оваа година како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ за прв пат се одржа „Битола Шекспир Фестивал“, кој докажа дека гарантира еден нов и доста значаен почеток.„Шекспировиот фестивал кој годинава несебично го поддржаа Општина Битола и Градоначалникот Владимир Талески и Министерството за култура отвори едни нови врати на едно поинакво ниво. Овојпат во Америка, а се надеваме идната година и во Кина. Гостувањето во Америка го доживуваме како една награда која што ја заслужуваме затоа што на достоен начин ја претставуваме општината, театарот, државата, изјави Благој Мицевски, уметнички директор.

„Покрај сите импресии кои ги има човек кога патува во ново место, во нова земја, преубавиот и претоплиот дочек кој ни го приредија во Санта Барбара, најинтересно ни беше што имавме можност да ја гледаме нашата претстава близнак – нивната Хенри шести трет дел, режирана од истиот човек, одиграна од други луѓе, од други актери. И секој од нас можеше да си го пронајде својот близнак, кој како што вели нашиот режисер Џон Блондел, сме го загубиле при раѓање. Да се видат сличностите и разликите на гледањето на театарот, светот, Шекспир“, изјави Огнен Дранговски, актер.

Да се претставува својата земја во светот е вистински успех, но големината го достигнува врвот кога резултатите ја потврдуваат својата вредност, во својата земја, во својот град.„За мене како релативно млад актер, овие неколку турнеи ми значат многу, бидејќи го добивме признанието надвор од нашата држава, но чувството е уште поубаво кога се враќаш дома и кога некој ти посветува внимание, го цени она што си го направил надвор за својата општина, за својата земја и уште еднаш голема благодарност на градоначалникот за приемот“, изјави актерот Васко Мавровски.

„Музиката која ја употребив во претставата Хенри Шести ја црпев од македонскиот фолклор и тоа беше една голема можност да ја претставам пред американската публика. Музиката ја слушнаа за првпат, перцепирајќи ја многу добро што резултираше со многу позитивни критики. Среќен сум што сум дел од оваа екипа и се надевам дека понатаму со многу поголеми чекори ќе грабиме напред и ќе успееме да го освоиме светот на сите страни“, изјави Миодраг Нечаќ, композитор.

Како и секаде во животот, така и во театарската уметност искрената љубов, знаење и енергија го носат клучот на големиот успех на Битолскиот народен театар, а неговиот потенцијал првиот човек на општина Битола го препознал многу одамна. Сегашноста претставува само една реална потврда на континуираните заложби, ангажираност, посветеност, креативност…

„Ова е еден голем празник, голем и исклучителен настан, денеска со мене се луѓето кои ја претставија Република Македонија во светот на македонски јазик. Тоа се луѓето за кои што јас отсекогаш тврдев дека припаѓаат на најдобриот театар во Република Македонија, дека е тоа најстариот и најжилавиот театар во Република Македонија и на Балканот. Тоа се потврди. Народниот театар има повеќе циклуси во својот живот. Мислам дека оваа генерација на мои колеги, одлични врвни мајстори на чело со директорот и управниот одбор изнајдоа начин како вистинските квалитетни вредности да ги пренесат преку океанот. Во ова време кога најмногу се зборува за идентитетот, потеклото, нацијата, Македонија, мислам дека мајчиниот јазик е суштината на се што се случува. Овие луѓе преку театарскиот јазик го пренесоа во светот македонскиот јазик. Горд сум што сме заедно денеска. Ги чувствувам како најблиски и со задоволство им подарив икона на Свети Нектариј Битолски. Овие луѓе со својот ентузијазам, со својата енергија, со својата посветеност во работата покажаа дека во сите времиња без разлика на околностите и на сите меридијани она што го носиме како искрена и чиста љубов, знаење, енергија и уметност секогаш ќе го најде своето место. Од срце им честитам и им посакувам уште многу години работа и врвни и светски успеси. Ова што тие го прават се најдобрите настани во сферата на културата во Република Македонија, нагласи градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, врачувајќи им на гостите и грб на општина Битола, специјално признание кое општината го подарува во специјални моменти и на значајни личности./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Крива Паланка ги отвора вратите за „Невестинско поклонение“: Празник на носиите, обичаите и заедништвото на 1 март во Конопница

Објавено пред

Во дворот на Црквата „Св. Теодор Тирон“ во село Конопница, во недела на 1 март 2026 година со почеток во 13 часот, ќе се одржи 16-тото издание на културната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон“.

dobivaj vesti na viber

Настанот го организира Општина Крива Паланка во соработка со Здружението за рурален развој РЗР „Патник“. Манифестацијата е посветена на негување на македонските автентични носии, традиционалните обичаи и локалниот културен идентитет.

Програмата ќе биде збогатена со музички настап на Андријана Алачки и бендот на Гоце „Синтезис“.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод манифестацијата изјави:

„Со вистинска радост и како вистински домаќини, ги отвораме вратите за сите добронамерници кои сакаат да го доживеат овој празник. Ветуваме дека ќе го зачуваме духот на традицијата, убавината на обичаите и автентичните носии, и заедно ќе ги пренесеме овие вредности на идните генерации.“

Од Општината ги повикуваат граѓаните и љубителите на културата да присуствуваат и заедно да го одбележат овој културен настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Фотографска изложба на Александра Костадиновска во КИЦ Белград

Објавено пред

На 24 Февруари 2026 год. во 19 часот во Македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.

dobivaj vesti na viber

Фотографската серија која Костадиновска ја изложува пред белградската публика е приказна за личното искуство со универзалноста на светлината како симбол на нови почетоци, на топлина и на живот, раскажана преку 24 одделни фотографски наративи. Изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје, а во рамките на проектот за патувачки изложби „МузеумЛинк“ под кураторство на Јасминка Намичева-кустос советник. Претставувањето пред белградската публика е благодарение на подршката од МКИЦ Белград и Министерството за култура и туризам, а изложбата вечерва ќе ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.

Фотографиите на Костадиновска се креирани во корелација на тенката линија меѓу документарното и поетското. Во нејзините кадри се препознава смелоста да се напушти комфорната зона, но и тивката радост од прифаќањето на непознатото со осет за миговноста на моментот.

Архитектонските структури, крајбрежните перспективи, тишината на скаменетите дини или случајните сенки кои се проектраат на фасадите не се само регистрирани мотиви – тие се прераскажани во вид на лични записи, каде сонцето е водич, но и сведок. Тоа е визуелна приказна која го надминува поимот на класичен патепис. Тоа е серија фотографии што истовремено функционираат како интимен дневник, како документ на едно лично патување низ европските простори, и како универзална медитација за светлината – нејзината материјалност и нејзината нематеријална сила.

„Осончена тишина“ е и студија за времето: за утринската мекост на светлината, за попладневниот интензитет и за нежната златна нијанса на зајдисонцето кое отскокнува од мазната површина на водата. Секоја фотографија ја носи во себе идејата за минливоста но истовремено и постојаноста – моментот исчезнува, но светлината како чувство во нашата меморија останува.

Со својата суптилност и истовремено силна визуелна експресија, „ Осончена тишина“ претставува покана кон сите нас да ги забележуваме сопствените „сончево бакнати“ моменти – оние мали, минливи фрагменти што се претвораат во вечни спомени замрзнати во личната мемориска капсула.

Изложбата ќе биде поставена пред белградската публика до средината на месец март.

Во вториот дел од вечерашнава програма, предвиден е омаж за неодамна починатиот д-р Коста Балабанов (1929-2026), преку прикажување на неколку документарни филмови од некогаш исклучително популарниот телевизиски серијал „Закопана мистрија“

Д-р Коста Балабанов беше една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност, конзерватор, научник, дипломат и културен деец, кој остави длабока трага во прочувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Објавено пред

Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.

dobivaj vesti na viber

Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.

Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.

Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.

Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.

Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.

Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.

Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.

Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија4 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ6 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија7 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија7 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија8 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа10 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија10 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија11 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија11 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет11 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет11 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа12 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа12 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа13 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија23 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...