Македонија
Кривични пријави за 33 демонстранти од „Шарената револуција“ во Скопје и Битола
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 33 демонстранти од „Шарената револуција“, 26 пријави за учесници на протестите во Битола и седум пријави за демонстранти од Скопје.
Демонстрантите од Скопје ќе одговараат за кривично дело учество во толпа што ќе стори кривично дело. Првото кривично дело во Скопје е извршено за време на одржување ненајавени протести организирани од граѓанското здружение „Протестирам“, на 18 април годинава, од 18 часот до 21 часот, кога протестот се одвивал на просторот пред зградата на Министерство за култура на Република Македонија, на улицата Мирослав Крлежа бр. 61, Скопје, објект што, според Законот, е значајно културно наследство.Второто кривично дело го извршиле на 30 мај годинава, од 19 до 20 часот, за време на одржувањето на протестот пред Порта „Македонија“, објект за кој во соопштението на МВР се вели дека е недвижно културно наследство, со што причиниле материјална штета околу 3.000 евра во денарска противвредност.Битолчаните се товарат за кривично дело „оштетување туѓи предмети“, бидејќи фрлале предмети, боја, јајца врз зградата на Општина Битола која била споменик на културата.Демонстрантите ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата од зградата. Предизвиканата материјална штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење во натамошна постапка. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

