Македонија
Лидерска до вторник, но само со конкретни предлози
Лидерска средба, како прв чекор за излез од политичката криза, може да се очекува најдоцна до вторник, следната недела, но само ако има конкретни предлози.
Во вторник попладне завршија билатералните средби на претставниците на партиите потпишнички на Договорот од Пржино, со евроамбасадорот Аиво Орав и со американскиот амбасадор Џес Бејли, во резиденцијата на Европската унија, во Скопје.По средбите, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу не сакаа да коментираат за средбата, додека Радмила Шекеринска од СДСМ вели дека има ситуација во којашто секое од прашањата коишто се дадени во Договорот од Пржино виси и „не смееме да дозволиме Македонија од една криза да навлезе во уште подлабока политичка криза“. „Според, нас, според опозицијата, ни треба час поскоро да се исполнат сите услови за одржување фер и демократски избори и тие избори да знаеме дека нема да бидат повторување на претходните криминални избори и да им дадеме шанса на граѓните на Македонија, а не на власта да одлучува кој ќе ја носи одговорноста за Република Македонија во следниот период“, рече Шекеринска по средбата.Бејли и Орав се оптимисти дека ќе дојдат до договор со партиите, по неколкунеделните средби и дека наскоро ќе се одржи и лидерска средба на која би се искристализирале работите. „Со партиите имаме средби последните неколку недели и се надеваме дека во следните денови ќе имаме некаков напредок“, рече на заминување Бејли. „Со партиите сме во близок контакт. Преговорите продолжуваат. Се надеваме дека што поскоро е можно да имаме договор“, рече Орав.Премиерот Емил Димитриев, пак, од своја страна вели дека во принцип, сретнувањето и разговарањето е добра работа, меѓутоа треба да им суштина, треба да има конкретни работи за кои треба да се разговара. „Во моментов имаме само нафрлање на одредени теми од различни адреси, меѓутоа треба прво да се договориме принципиелно дека треба да разговараме за датум за избори, за другите работи коишто се отворени и да се одржи таа лидерска средба. Ова е прашање до партиите, јас верувам дека во ситуации кога ќе имаме нешто поконкретно дека ќе имаме таква лидерска криза и конечно да најдеме решение за излез од политичкава криза“, рече Димитриев, по посетата на Општина Ѓорче Петров.
Инаку, партиите остануваат на своите ставови за лидерска средба, при што СДСМ смета дека се исполнети условите, а ВМРО-ДПМНЕ би присуствувал на таква средба, доколку претходно се знае темата и планот за средбата. ДУИ смета дека лидерска средба треба да има зашто тоа е во интерес на граѓаните, а за ДПА таква средба би била несериозна, бидејќи нема да понуди ништо за излез од кризата. Од свја страна, Европската комисија, во понеделник вечерта, соопшти дека лидерска средба ќе има до крајот на неделава./крај/мф/бб
Извор: Архива Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

