Македонија
Сослушување на осомничените од „Трезор“
Четворицата осомничени во случајот „Трезор“, најновата истрага што ја спроведува Специјалното јавно обвинителство, во петок треба да се јават во судот за да се утврди дали се оправдани мерките за нивно обезбедување побарани од СЈО.:
„Судии од Одделот на претходна постапка постапувајќи по двата предлога – предлогот за определување мерка притвор против едно лице и предлогот за определување мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот“, се вели во судското соопштение. Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за комуникации за потврдите на Упоравата за безбедност и контраразузнавање, за која постојат наводи дека е платена многу поскапо и дека преку неа се исцицале близу милион евра од Буџетот на Република Македонија непотребно.За тоа, во моментот осомничени се функционери, раководни лица од УБК и едно лице од Министерството за внатрешни работи.Како што појаснија од СЈО, покрај мерките за обезбедување присуство на овие лица, поради што се бара притвор и одземање на пасошот, тие ќе бараат и замрзнување на нивниот имот, од кој би се обештетил Буџетот доколку се докаже вината./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

