Македонија
Чаушот: Ме тепаа за да кажам дека УСБ-то ми го дале Заев и Верушевски
Захир Бекири – Чаушот кој е обвинет за аферата фалсификувани лични карти пред да почне судењето за овој случај побара збор од судијата и обелодени дека бил повикан во Основното јавно обвинителство каде бил психички малтретиран, а потоа и физички нападнат.
На 26 февруари во 10 часот од затворот „Идризово“ каде Бекири одлежува затворска казна го однеле во Обвинителството за случајот со фалсификуваните лични карти.„Таму беа три лица, директорот на УБК, (Љупчо) Андоновски кој се претстави со лажно име, Александар, јавниот обвинител Јован Цветановски и уште едно друго лице. Обвинителот Цветановски со висок тон ми се закани дека доколку не кажам дека УСБ-то (со снимени разговори) ми го дале Зоран Заев и Зоран Верушевски ќе ми ја затворат целата фамилија“, тврди Бекири. Бекири не прифатил да потпише такво нешто и тврди дека бил малтретиран се до 16 часот во обвинителството. „Андоновски ми рече „Господ нека ти е на помош““, раскажа Бекири. После тоа тој бил однесен во канцеларијата на обвинителката, Наташа Гоџовска која го води случајот и кај неа телефонски се слушнал со својот адвокат Мирослав Вуиќ, кој не бил во земјава, и во договор со него потпишал дека е приведен во обвинителството и дека бара присуство на својот адвокат при давањето исказ.„Потоа бев вратен во другата соба кај трите лица. И јас малку претерав, ги опцув, можеби ги провоцирав. Тројцата се нафрлија и бев тепан“, рече Бекири.Првото судско рочиште за овој случај се одложи бидејќи адвокатот Вуиќ побара увид во доказите бидејќи ниту тој ниту обвинетиот не ги виделе доказите за овој случај којшто се води по скратена постапка. Обвинителката Гоџовска објасни дека Обвинителството не е обврзано да му ги достави доказите до одбраната, но се согласи одбраната и обвинетиот да направат увид и препис на доказите коишто се наоѓаат во Основниот суд Скопје 1. Бекири при барањето на збор од судијката побара изземање на јавната обвинителка, но подоцна во консултација со својот адвокат го повлече предлогот, бидејќи судијката ќе требаше да одлучува најпрвин за тоа и одбраната немаше да има можност да ги види доказите. Бекири не се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот, Ѓорге Иванов кој ги запре кривичните постапки за сите политичари и нивни соработници. Според адвокатот Вуиќ со тоа се демантираат шпекулациите во јавноста дека Бекири изработувал фалсификувани лични карти.„Захир Бекири во јавноста е познат како фабрикант на лаги, документи и пасоши, близок соработник на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, член на СДСМ, меѓутоа и покрај тоа јас не го прочитав во одлуката на Ѓорге Иванов. Иванов го заборавил или тоа е демант на сите шпекулации кои се ширеа во јавноста дека фабриката на лаги е на сосема друго место?“ праша Вуиќ.Захир заедно со својот брат Имер се сомничат дека стојат директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.Судењето се одложи за на 25 април, а одбраната ќе ги разгледува доказите на 18 април. Бекири се наоѓа во притвор за ова дело иако претходно одлежувал затворска казна за друго дело. Оваа затворска казна е прекината и е префрлен во притвор за овој случај./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

