Македонија
Муслиу: ДУИ не ги повлече министрите за изборите да се одржат на 5 јуни
Повлекувањето на министрите од редовите на Демократската унија за интеграција, албанскиот партнер во власта, е нејасно, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, и не мисли дека тоа се прави за да се зацврсти 5-ти јуни како сигурен датум за избори, туку повеќе, за да се донесе законот за свиркачи.
„Кога се напушта владата, се бираат нови министри, а не парламент… Овој потег не повлекува автоматски нови избори… друг е механизмот. Се очекува седница на парламентот“, вели Муслиу.Појаснува дека, од искуството од првиото пролонгирање на рокот за одржување предвремени парламентарни избори, што произлегуваше од договорот во Пржино, ДУИ и Али Ахмети не би направиле вкво нешто со цел да го утврдат сега датумот.„Ова е внатрешно партиско решение. Може ќе се стават други министри. Може ќе се сменат само некои, но ова не се прави за да се надмине кризата. Што ако владата не се распушти? Не се распишуваат избори за менување влада, туку за менување состав на парламент. Ова се прави за да се заменат министри, неколку или сите и да се свика парламентарна седница за ставање на дневен ред на оваа точка“, вели Муслиу за Макфакс.Смета дека е поверојатно тоа да се направило, испровоцирано од пуштањето на снимки од прислушуваните разговори на функионери на ДУИ, што се случуваше во последниов период, и тоа снимки кои се исклучително приватни, а со цел да се охрабрат коалициските партнери да се донесе законот за свиркачи, да се послушаат препораките на Венецијанската комисија. „Исто така, деновиве имавме отворање истрага за уништување на опремата. Се бара да се дознае кој ги пушта тие снимки. Веројатно се оди на сценарио пред паламентот да се распушти, (што треба да се случи на 7-ми април, ако изборите се на 5-ти јуни), да се донесе законот за свиркачи, со кој се дефинира приватноста“, смета Муслиу.Сепак, нагласува аналитичарот, од ДУИ треба да објаснат кои им се намерите со ваквата постапка, за да не се шпекулира само.Во медиумите, во петок, дента кога министрите на ДУИ веќе ги депонираат своите оставки во Владата, се шпекулира дека ваква одлука е донесена е да се обезбеди со сигурност дека парламентарните избори ќе се одржат на 5-ти јуни. Потсетуваат дека министрите на ДУИ сочинуваат една третина од членовите на Владата, а според Уставот, ако премиерот предложи промена на најмалку една третина членови од Владата, тогаш Собранието одлучува за избор на нова влада. Бидејќи за тоа нема време, со оглед дека парламентот треба да се распушти на 7-ми април, оваа одлука на ДУИ ја толкуваат како нејзино бетонирање на датумот за избори – 5 јуни.Според други шпекулации, ДУИ е свесна дека нема услови за избори и дека на повидок е отворање можност за создавање широка влада во која ќе учествуваат четирите партии. Создавањето ново парламентарно мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ се смета за невозможно. Она што сега е неизвесно, дали можеби постои поширок договор на ДУИ и со други партиски субјекти, преку создавање ново парламентарно мнозинство да се излезе од кризата.Павле Трајанов, пак, коалициски партнер во власта, смета дека, без да ги знае точните намери на ДУИ, сепак, добро би било доколку интенцијата би била да се формира политичко-експертска влада којашто ќе спроведе реформи неопходни за стабилизирање на состојбите во Република Македонија за деблокада на институциите во државата се со цел да се создаде позитивен амбиент за одржување фер и демократски избори.За повеќе медиуми, коментира дека има дел од обврските преземени со договорот од Пржино кои не се исполнети со што нема услови да се организираат избори на 5-ти јуни годинава.„Од тој аспект гледано сметам дека е добро доколку политичките партии започнат разговори евентуално да договорат формирање на експертска влада која ќе спроведе длабоки реформи во судскиот систем, службите за безбедност и во други сегменти вклучувајќи ги и медиумите доколку сакаме да обезбедиме кредибилни услови за фер, демократски, легитимни избори“, вели Трајанов.Артан Груби, од ДУИ, во петок, најави дека во текот на денот, со соопштение ќе бидат образложени причините поради кои албанскиот партнер во власта ги повлече своите министри.Доцна во четвртокот, Централното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија.Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на партијата.ДУИ, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови
Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи од дожд. Од ЦУК апелираат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112.
Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, на терен се евидентирани следните состојби:
На патниот правец Гостивар – Стража има одрони, но сообраќајот се одвива редовно. На правецот Тетово – Бањиче регистрирани се одрони покрај коловозот кои го отежнуваат сообраќајот.
Во селото Балин Дол има излевање на реката Вардар, при што се поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови, а е забележано и намалено производство на електрична енергија во ХЕЦ Маврово.
Во селата Мало Турчане и Горно Бањице се излеале Лукавичка и Сушичка Река, при што е поплавено земјоделско земјиште. Од ЦУК информираат дека општината нема соодветна механизација.
Во селото Форино е евидентирано паднато дрво во коритото на реката Вардар, што претставува ризик од поплава, а на терен е испратена екипа со моторна пила.
На делницата Тетово – Бањиче (кај Цртаниот ѕид) има свлечишта и одрони, при што патот е расчистен со багер и соодветно обележан.
Битола и околината
Во селото Лера има поплава кај мостот со можност за проширување кон селото. Во селото Породин е поплавена живинарска фарма.
Во Општина Ресен, во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква, поплавени се дворови и земјоделски земјишта, при што реките не се излеани. Одронот кај селото Сирхан е отстранет.
Охрид, Кичево и Струга
Во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови, при што интервенирале јавните претпријатија и локалната самоуправа.
Во Кичево се поплавени стамбени објекти на улицата „Прилепска“, а 60 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“.
На патниот правец Охрид – Пештани, кај хотел „Гранит“, е регистриран одрон. Патот е прооден, а расчистувањето на поголемиот нанос се очекува во наредните еден до два часа.
Во Струга, на правците Татеши – Мислодежда и Дебар – Струга, во тек е расчистување на свлечишта и одрони.
Општина Боговиње
Во Општина Боговиње е евидентирано поплавување на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат. Нема загрозени куќи.
Од ЦУК информираат дека сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.
Свлечиште на патот кон Бањиче
Дополнително, по нова пријава на бројот 112, информирано е дека поради врнежите повторно има свлечиште на патот кон Бањиче. Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата, а општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата.
Македонија
Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија
По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни претпријатија започнаа со интервенции за санирање на состојбата.
Најкритична е состојбата кај стариот објект „Прогрес“, каде што се излеа каналот од реката Курделес. Поради тоа, сообраќајот е отежнат на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката станица, соопшти Општина Битола.

Интервенции се вршат и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат, како и во населбата „Стрчин“.
Екипите продолжуваат со работа на терен и ќе останат мобилизирани поради најавите за продолжување на врнежите.
Во акциите се вклучени екипи од „Битолско поле“, „Водовод“ и „Стрежево“, а најавени се интервенции и во селата Кравари, Канино, Лера, Горно Српци, како и долж реката Црна, во потесното и поширокото градско подрачје на општината.
Македонија
Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада.
Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители.
Тој потсети дека пред изборите раководството на СДСМ јавно се залагало за бришење на техничката влада и посочи дека допрва треба да се види дали таа позиција сè уште важи.
„Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема Бадентер. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно“, рече Мицкоски во интервју за „Алфа“.
Според него, доколку постои заедничка оценка дека техничката влада го кочи функционирањето на системот, има проблеми со уставноста и не остава доволно простор за маневрирање, тогаш таквите измени треба да се направат, но исклучиво со политичка согласност.
„Планирам од утре да упатам покана до сите лидери на политички партии или водства на коалиции што имаат пратеничка група во рамките на парламентот, да организираме една лидерска средба“, изјави Мицкоски.
На средбата би станало збор и за изборот на Народен правобранител и реформските закони поврзани со напредокот на државата кон Европската Унија.
„Да покажеме зрелост и да разговараме отворено на теми за кои немаме дијаметрално различни ставови. Сите велиме дека сме за Европската Унија, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија, ајде да седнеме и да разговараме“, порача Мицкоски.

