Македонија
Чавков тврди дека МВР функционира беспрекорно
Министерството за внатрешни работи функционира вообичаено, по понудената оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и по укинувањето на неговите одлуки од страна на Владата, тврди заменик-министерот Митко Чавков.
„И покрај понудената оставка од министерот Спасовски, Собранието немаше седница така што таа не е прифатена како и оставките од останатите кои учествуваа во владата на ВМРО-ДПМНЕ. Секако дека Министерството функционира нормално бидејќи овластувањата и надлежноста на министерот не се доведени во прашање туку доведени се во прашање со одлука на Влада само оние незаконски решенија и акти што тој ги има донесено од ноември минатата година досега“, изјави Чавков, кој присуствуваше на пуштање нов објект на полициското одделение во општина Јегуновце.Тој, во понеделникот упатил телеграма до директорите на Бирото за јавна безбедност иУправата за безбедност и контраразузнавање со кои ги информирал за владината одлука врз основа на која се поништени сите незаконски решенија.Појасни дека се работи за 427 незаконски решенија и практично сите тие се предмет напоништување со одлука на владата и потребно е да се воспостави претходна состојба.Според Чавков, Министерството функционира беспрекорно и така што и покрај инцидентите на јужната граница на мошне ефикасен и ефективен начин полицијата успеа да се справи со таа состојба, а така ќе се справува и понатаму со сите идни безбедноснипредизвици.„Одлуката на Владата и поништувањето на решенијата одговорно тврдам дека непридонесуваат за нарушување на системот за функционирање на МВР“, рече Чавков./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

