Македонија
Донесен ребалансот на Буџетот за 2016
Собранието со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година.
За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата. Во рамки на неколкудневната општа расправа по предлогот пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177.292.000 денари на 174.291.000 денари и на вкупните расходи од 196.276.000 денари на 195.472.000 денари.Дефицитот е ревидиран од 18.984.000 денари на 21.181.000 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.