Македонија
Собранието се распушти, избори на 5 јуни

Собранието се распушти, во среда вечер, согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатот на актуелниот парламентарен состав.
Тој им се заблагодари на пратениците за нивната работа, и изрази очекување, во иднина сите без разлика на политичката припадност, да работат во интерес на државата.
Пратениците на СДСМ не присуствуваа на седницата. Тие побараада биде свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.
Сепак, тоа не се случи и нинвите оставки не се констатирани.
Еден час подоцна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција, објави дека нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ не бараше оставка од Спасовски кога полицајци се удираа во пајаци, или кога каблите беа криви, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Системот кој изминативе 9 години во МВР го насади тогашниот министер и експремиер, Оливер Спасовски, а Сашо Тасевски 6 години во БЈБ, се искоренува од институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Коментирајќи ја прес-конференцијата на која опозициската партија побара одговорност од министерот Панче Тошковски за трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ако порано порано за убиства, несреќи, пожари, сообраќајки, беа криви пајаците и каблите, сега одговорноста има име и презиме.
„СДС не бараше оставка и морална одговорност од Спасовски кога полициски службеници се удираа сами во пајаци, кога каблите беа криви за пожари, кога беа давани пасоши на белосветски криминалци, кога секојдневно на улица главни беа Дуќанџиќ, Беланоца и Грчец. СДС не бараше кривична одговорност од Тасевски кој пукаше во Собранието на протестите, додека други беа обвинети за тероризам над 200 години. СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за се што имаа сторено изминативе години“, се вели во нивната реакција.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се работи на промена на системот и добивање на правда и правна држава.
Македонија
„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, планира да го изнесе тој предлог на лидерска средба.
Премиерот не би сакал да навлегува во таков тип на политиканство, во период кога се уште не се залечени раните од ужасната трагедија.
„Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски, Уште не се 40 дена поминати од тој настан“, изјави Мицкоски во Ново Село.
По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени, градоначалникот Љупчо Папазов, си поднесе оставка. За одлуката информира преку Фејсбук, по повеќе од еден ден од трагедијата. Тој е опфтен и со обвинението што се води за случајот, заедно со претходните двајца градоначалници, откако стана извесно дека диското работело со години без да ги исполнува безбедносните гаранции.
Македонија
(Видео) СДСМ бара одговорност од Тошковски поради Кочани

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем. Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ. Ова го истакна Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност. После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие. Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице. Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви. Во Скопје, беа прегазени жена и дете“, рече Илиевски.
Додаде дека сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје.
„СДСМ бара: оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски“, порача тој.