Забава
Истрча маратон со 92 години
Американската Хариет Томпсон го истрча маратонот во Сан Диего иако има 92 години и 65 дена, станувајќи така најстарата жена на којашто тоа ѝ успеало.
Госпоѓата Томпсон целата маратонска делница од 42 километри и 195 метри ја претрчала за 7 часа 24 минути и 36 секунди. Во нејзино друштво маратонот го истрчал и нејзиниот син 56-годишниот Брени Томпсон.
„Не можам да поверувам дека успеав. Имав голема криза по 30 километри, но некако издржав“, изјави Хариет Томпсон која во текот на животот истрчала вкупно 15 маратони.
„Некои сметаат дека тоа е лудост на моја возраст. Меѓутоа, сакам на сите да им покажам дека годините не се пречка, доколку нешто посакувате и имате волја. Ќе се обидам да настапам и следната година“, додаде најстарата маратонка на светот.
Досега најстарата маратонка беше Гледис Барил којашто имаше 92 години и 19 дена кога во 2010 година го истрча маратонот на Хаваи.
Најстариот маратонец на светот воопшто е Индиецот Фауџа Сингх кој во 2011 година стана првиот стогодишник во историјата кој истрчал маратон. Роден е на 1-ви април 1911 година во Пенџаб.
Тогаш трчаше на маратонот во Торонто, кој Сингх го претрча за 8 часови, 25 минути и 17 секунди. Неговото време беше 8 часови, 11 минути и 6 секунди, меѓутоа, бидејќи 16 минути траело влегувањето на мноштвото тркачи на целната линија, за официјално време е признато претходното.
Тој го држи рекордот и за возрасната маратонска група М 90 (Мажи над 90-годишна возраст), исто така, во Торонто поставен во 2003 година од 5 часа, 40 минути и 01 секунда.
Сингх е индиски Сик, така што задолжително го носи турбанот дури и кога трча, поради што го доби прекарот „Торнадо со турбан“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

