Македонија
Во дефект претседателскиот авион, Иванов за Софија со комерцијален лет

Владиниот авион „лирџет“ со кој претседателот Ѓорге Иванов замина за Сараево на лидерскиот состанок на „БрдоБриони процесот“ поради технички проблеми констатирани при редовната контрола ќе остане во Босна и Херцеговина, а претседателот со комерцијален лет ќе замине на веќе планираната посета за Софија.
„Денеска требаше да се изврши лет од Сараево за Скопје во 10 часот. Летот не е обавен поради тоа што при редовна функционална проверка на системите на авионот, увиден е дефект на еден од инверторите кој ја претвора струјата од 24 во 115 волти“, изјави за МИА директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Васе Доневски, во чија надлежност е одржувањето на авионот.Авионот ќе биде сервисиран од овластениот сервис во Нирнберг, во вторник, каде се очекува да се острани дефектот, со претходно одобрение на фирмата производител „Бомбардие“ од каде е набавен и со одобрение на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија.Од кабинетот на претседателот Иванов велат дека поради неговата агенда, односно претстојната посета на Софија, тој од Сараево патува со комерцијален лет за Скопје, преку Истанбул, а во вторник заминува за Софија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“.
„Сценариото е јасно: Мојсовска влегува како „изненадувачки“ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок наводно за да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира. Ова е срамен план, оркестриран од Љога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили кои ги граделе своите кариери врз албанофобија.
Ова е најсилниот доказ дека ДУИ е подготвена да згази на сè само за да остане релевантна на сцената. За нив, моќта е поважна од достоинството на Албанците, сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на стружани.
ВЛЕН остро го осудува овој валкан план и го повикува јавноста да не стане жртва на сценаријата оркестрирани во темни ходници. Прашањето е едноставно и останува неодговорено: за што се договориле Кренар Љога и Апасиев? Да ја продадат Струга? Да ги спречат промените? Да ја одржат во живот скапаната власт со корупција и криминал што владее во Струга во последните 20 години?
Но едно е сигурно: и покрај темните зделки, и покрај тајните и срамни договори, Менди Ќира ќе победи во Струга на 19 октомври. Волјата на граѓаните не се купува, не се заплашува и не се запира со валкани политички договори“, соопшти „Влен“.
Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)