Македонија
По помилувањето на Иванов, ослободен обвинет од „Пуч“
По вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за прекинување на кривичните постапки против сите политичари од власта и од опозицијата, Основниот суд Скопје 1 доставило одлука до затворската институција за потполно ослободување единствениот осуден за делата кои произлегуваат од „прислушуваните разговори“, Звонко Костовски.
„До Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на Претседателот на Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што Судија за извршување санкции веднаш ја достави одлуката на надлежно постапување на затворската институција, за потполно ослободување од натамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К., кој со предлог спогодба КОК ПП бр. 131/15 од 25 март 2015 година е осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години за кривичните дела Шпионажа од член 316 ст. 4 вв со член 24 од КЗ и Неовластено прислушување од член 151 ст. 4 в.в со ст.1, а во врска со член 45 од КЗ“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Костовски е еден од осомничените во случајот „Пуч”, во којшто осомничен е и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Костовски со спогодба на обвинителството беше осуден на затворска казна од три години за кривичните дела шпионажа и неовластено прислушување.Тој е единствениот амнестиран со одлуката на Иванов, додека другите политичари се аболицирани.По одлуката на Иванов којашто предизвика револт и протести во Скопје, неофицијално ослободен е и Горан Грујовски, началникот на Петтата управа на УБК, кој беше во домашен притвор. Засега нема потврда од Судот за оваа информација./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

