Македонија
Куновски: Им се заблагодаруваме на ДПМНЕ бидејќи ни направија голем маркетинг
Ѝ се заблагодаруваме на партијата во стечај ДПМНЕ, бидејќи ни направија голем маркетинг и ни помогнаа да стигнеме до каде што сме сега, изјави членот на партијата „Левица“, Владимир Куновски кој заедно со неговиот колега Здравко Савевски во петокот добија укинување на куќниот притвор.
„Се заблагодарувам и на Обвинителството кое даде школски пример што се тоа двојни стандарди и ги разби митовите, односно понуди докази во коишто се гледа напад на служебните лица, поточно на старешини на Единицата за брзо распоредување, но нема покренато ниту една кривична постапка за напад на службено лице“, рече Куновски.Според него, во државата има безбедносна криза, бидејќи државните органи се користат само за лични интереси, а не за државни. Судот претходно во петокот им го укина притворот на Куновски и на Савевски, и им одреди мерки за претпазливост, односно одземање на патната исправа и да се јавуваат во определен рок во Судот. Притворот беше укинат на барање на одбраната на обвинетите, но и со согласност на Јавната обвинителка. Адвокатот Сашо Дуковски рече дека не постои опасност од повторување на делото бидејќи веќе не се организираат секојдневно протести и дека нема опасност од бегство, бидејќи обвинетите не направиле никаков престап додека беа во притвор, 45 дена.И обвинителката Снежана Бундалевска се согласи дека притворот е беспредметен, но побара од Судот, сепак, да им го огранични движењето на обвинетите, онаму каде што ќе се одржуваат протести, но судијката не го прифати ова барање. Судењето повторно се одложи за на 6-ти јули, бидејќи судијката побара од одбраната да достави договор за закуп од Народната канцеларија на Претседателот, Ѓорге Иванов бидејќи одбраната тврди дека поседува имотни листови во кои не е наведено дека канцеларијата е во сопственост на државата.На судењето одбраната го оспори вештачењето што го изготви Државното правобранителство, бидејќи според неа не било изработено по наредба на Јавниот обвинител, како што предвидува Законот за кривична постпака, туку било изработено по наредба на „наводно оштетениот“. Адвокатот побара судијата да го издвои вештачењето од списите на доказите бидејќи, според него, направено е на незаконски начин и не може врз база на него да биде донесена пресуда. Тој достави имотни листови до Судот, според кои Народната канцеларија на Претседателот не била во сопственост на државата, туку како сопственици се јавувале правни и физички лица. Следствено на тоа, Дуковски тврди дека државата не може да биде оштетена, бидејќи не е сопственик. Судијата побара и договор за закуп на Народната канцеларија на Претседателот за да може да одлучи дали ќе го прифати предлогот на одбраната. Обвинителството ги товари Савевски и Куновски дека на 13-ти април учествувале на протестите против одлуката за аболицијата и учествувале во демолирањето на Канцеларијата на Претседателот.Тие се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Бирото за судски вештачења процени дека при демолирањето демонстрантите направиле штета од 522.000 денари. Толпата ги искршила прозорците и влезната врата на канцеларијата, го искршиле инвентарот внатре во канцеларијата, дел го изнесле надвор и го запалиле, а дел бил одземен./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

