Македонија
Денеска нема распити на функционери во Специјалното јавно обвинителство

Денеска нема распити на функционери во Специјалното јавно обвинителство (СЈО). До попладнево, додека чекаа новинарските екипи, во зградата во која е сместено ова Обвинителство, не влезе и не излезе ниту еден сегашен или поранешен функциионер познат за јавноста, а кој е поврзан со објавените и необјавените прислушувани разговори.
Од СЈО не даваат никакви информации ниту кога ќе има распити, ниту за распитите кои се водат во ова Обвинителство, каде деновиве се појавија сегашни и поранешни министри, поранешни претеници, бизнимени и други јавни личности.„Ве известуваме дека како што беше соопштено во овој момент нема да соопштуваме податоци за предистражните постапки кои се водат во ова јавно обвинителство“, одговараат од Специјалното јавно обвинителство на новинарските прашања дали ќе има распити, кој ќе се појави во Обвинителството, за кој случај и во кое својство.Ниту функционерите кои новинарите ги чекаат по цел ден да излезат од Обвинителството не кажуваат детали за постапката со образложение дека предистражните постапки се тајни.Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во понеделникот во разговор со новинарите едиствено потврди дека и неделава ќе има распити во Обвинителството и дека се очекува неделава таму да се појават и функционери кои биле повикани претходно, но не се одзвале на поканата./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.