Црна хроника
Опожарен автомобил во Битола

Едно возило е уништено во пожар кој избувнал ноќта кон саботата во поширокото централно подрачје на Битола.
Според полицискиот билтен на интервенции, пожарот бил забележан ноќта околу 01,45 часот на улицата „Бонде Скерлевски“, кога од засега непознати причини настанал пожар на паркирано автомовил марка „ауди А-4 караван“ со битолски регистерски ознаки сопственост на 33-годишниот битолчанец Г.Д. (33).
Автомобилот бил целосно опожарен, а од огнот бил зафатен и друго возило „опел астра“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Х.Б, кој бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Битола
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен маж кој со молотов коктел запалил сува трева

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во СВР Куманово во 02:10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.
„Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Топ
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје. При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9ммPara, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.
Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници

На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.