Контакт

Забава

Британец доби повеќе од 72 милиони евра на џекпот

Објавено пред

Во Велика Британија забележана е четвртата добивка Jackpot оваа година, а најголемиот е забележан во јули 2011 година. Последниот добитник на Jackpot доби повеќе од 72 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Победникот ги имаше сите пет бројки, па во својот џеб стави 72,2 милиони евра.

„На среќата во Велика Британија никогаш крај, добивката поголема од 72 милиони е четврта забележана оваа година. Освен главната добивка пет играчи освоија загарантиран износ од 1,18 милиони евра и луксузно патување“, изјави портпаролот на државната лотарија.

Добитните броеви беа 1, 21, 26, 40 и 50. Двајца играчи кои освоија добивки не се од Велика Британија, па ја добија втората награда 945 илјади евра.

Во 2015 година еден Британец доби рекордни 190 милиони евра откако на европската лотарија Euromillions беше извлечено нивното ливче.

Со ова извлекување надмашен е jackpot-от од 185 милиони евра кој една година порано го доби двојка од Шпанија.

Пред нив еден Британец доби 129 милиони евра 2010 година./крај/к/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Инцидент на црвениот тепих: Никол Кидман ја турна Салма Хајек

Објавено пред

На интернет стана вирално видео од незгодниот момент помеѓу Никол Кидман и Салма Хајек на овогодинешната модна недела во Париз. Тие позираа по ревијата на брендот Баленсијага, која се одржа во рамките на настанот.

dobivaj vesti na viber

Се фотографираа со пејачката Кејти Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите.

Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и им го сврте грбот на фотографите. Тогаш Никол разменила неколку зборови со Кејти и си заминала.

@gala.fr #salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw ♬ Way down We Go – KALEO

„Никол сигурно не го виде прстот пред себе со тие очила, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма и беше многу непријатно“, „Многу непотребно, немаше потреба да ја турка раката“, „Многу напнат момент“, напишаа луѓето во коментарите под снимката што беше објавена на Икс.

Некои додадоа дека се гледа дека има тензии меѓу актерките.

Прикажи повеќе...

Забава

Hooverphonic доаѓаат во Скопје

Објавено пред

Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, соопшти „Авалон продукција“.

dobivaj vesti na viber

По повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – „Mad About You“, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет.

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.

Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.

Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.

Прикажи повеќе...

Забава

13-то издание на Пиволенд

Објавено пред

Од 16-ти до 19-ти октомври со почеток од 18 часот, среда, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи 13-тото издание на најстариот и единствен градски пивски фестивал Пиволенд.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот кој се одржува од 2009-та година ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови, индустриско и занаетчиски пиво од Македонија, балканот и светот, вкусна храна и мезе како и повеќе од 30 музички групи, артисти и диџеи. Предвидена е и детска програма во Сабота кога и фестивалот започнува порано од 12:00 часот, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата Ентерпрајз и Мјузик Лаб.

Четири дена Скопје ќе пулсира во ритамот на македонската музичка сцена, рокенрол, реге, поп, блуз, панк, метал и хип хоп, кавер бендови, млади бендови на една сцена со една мисија да го направат 13-тото издание незаборавно.

Легендите на македонската панк музика Бадмингтонс, Морал, Паркети, Куку Леле, ска панк легендите од Бугарија – Викеда, Бело Копче – трибјут на Бело Дугме, Д ДАЛТОНС, Пичвајз, Занаду, Деменси, Огнен Здравковски, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат скопјани и другите посетители.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 часа

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...

Македонија15 часа

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити...

Македонија16 часа

Адвокатот Туфегџиќ: Мајката мислела дека Вања побегнала од дома, таткото не сакал да верува во тоа па затоа кажал дека е киднапирана

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ во изјава за медиумите оцени дека исказот на мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска...

Македонија17 часа

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа...

Македонија18 часа

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања. Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле...

Македонија21 час

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно...

Македонија22 часа

Скандали ја тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина, велат од СДСМ

„Новите скандали кои ја тресат ЈПДП покажуваат дека во ДПМНЕ нема никаква промена, се враќа грубата партизација и бруталната злоупотреба...

Свет23 часа

Нуклеарната вежба на НАТО започнува денеска: „јасен сигнал до Москва дека алијансата е подготвена да се брани“

Денеска НАТО ја започнува својата годишна нуклеарна вежба, во која ќе учествуваат околу 2.000 воен персонал од осум воздушни бази...

Свет24 часа

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот...

Свет24 часа

Хуманитарна пауза: Во Газа започнува вториот круг на вакцинација против детска парализа

Денеска во Појасот Газа треба да започне вторниот круг вакцинација против детска парализа, чија цел е околу 590.000 деца под...

Македонија1 ден

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија1 ден

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија1 ден

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ2 дена

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија2 дена

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ2 дена

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија2 дена

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија2 дена

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа2 дена

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион2 дена

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...