Забава
Доколку сакате да бидете во тренд, заборавете ги високите потпетици
На париските ревии на високата мода одржани ова лето преовладуваа ниските потпетици, а славните гости кои седеа во првите редови повеќето носеа римјанки или балетанки, додека машките гости на ревиите се појавуваа во ткн брокси, комбинација на оксфордки и кломпи кои ги лансираше Хејдер Акерман.
Во високи потпетици се појавуваа само неупатените дами во поодминати години или холивудските славни личности кои немаат фантазија и не знаат да носат ништо друго, пишуваат модните критичари. Заклучокот е дека трендсетерките оваа зима ќе му се приклонат на трендот на ниските обувки наместо на досегашните платформи.Се истакнува дека овој тренд уште минатата година го најави модниот креатор Карл Лагерфилд кој моделите на пистите ги испраќаше во патики, што предизвика сензација меѓу следбеничките на високата мода. И дизајнерот Раф Симонс во новата колекција на Диор ги вклучи спортските обувки, а Лагерфилд годинава отиде чекор натаму, па во својата „от кутур“ колекција за модната куќа Шанел лансираше рамни „јапонки“ со својот потпис. Покрај раскошните креации, ги претстави апостолките украсени со машни кои се врзуваат околу глуждот и со декоративни каменчиња.Дека рамните обувки се „маст хев“, ќе забележат сите „модно освестени“ кориснички на онлајн порталите Net-A-Porter или Mytheres, на коишто во понудата за оваа година преовладуваат обувките со целосно рамни петици. Задоволството на купувањето преку ваквите интернет портали чини илјада, две и повеќе илјади евра, но тоа за пасионираните трендесетрки е неспоредливо во однос на удобноста на новиот чифт рамни обувки со потписот на славниот дизајнер.Пред само неколку години рамните обувки беа вистинска реткоста кај доследните следбенички на модните трендови, вели за Net-A-Porter во Лондон, Саша Сорокин. „Балетанките и спортските обувки се носеа само преку викендите и во слободно време, а во другите прилики незамисливо беше да се појавите некаде со рамни обувки“, вели овој агент за продажба.Модните критичари уверуваат дека рамните обувки изгледаат лежерно и се удобни, а потсетуваат и дека ги прифатила и Викторија Бекам, чиишто појавувања во јавноста сѐ до неодамна, па дури и кога синчињата ги возеше до училиште, беа незамисливи без потпетици од 12 сантиметри. Во интервјуто за Net-A-Porter online, Викторија на читателките топло им препорачува да се „издигнат над високите потпетици“. „Бидете самоуверени во рамните обувки. Верувајте, би ми било сосема незамисливо да трчам по децата во високи потпетици или во нив да трчам до своето лондонско студио“, вели во момент на искреност Викторија Бекам./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

