Забава
'Таткото' на Шерлок Холмс верувал во самовили
Сигурно дека авторот на славниот детективски лик Шерлок Холмс, сер Артур Конан Дојл, кој се смета за втемелувач на жанрот крими-роман, бил спиритуалист кој верувал во вили, а се испробал и во политиката.
Како што пишува британскиот весник The Telegraph, освен што го промовирал жанрот на крими-фикцијата, Артур Конан Дојл и во многу други работи бил авангарда. Така, бил меѓу првите моторизирани Британци, а автомобилот го купил и многу пред првпат да седне во него. Дури, во 1911 година учествувал во трката на Принцот Хенри, којашто всушност била натпревар меѓу британските и германските возила. Дојл со својата сопруга бил во британската екипа.
Бил и голем спортист, аматерски играл фудбала, имено бранел за Портмут Асосиејшн Фудбал Клуб од кој подоцна се основа денешниот Портсмут ФК, а ги обожувал и крикетот, а по преселбата во Швајцарија многу помогнал во популаризацијата на скијањето. Воедно бил и првиот Англичанец кој ги запишал своите први скијачки искуства, точно предвидувајќи дека во иднина Швајцарија ќе биде популарна дестинација на вљубениците во овој зимски спорт.
Популарниот писател чиешто цело име Артур Ингатиус Конан Дојл, во 1902 година е одликуван во редот витез кога ја добива титулата сер, меѓутоа не затоа што го создава популарниот лик на лондонскиот детектив Шерлок Холмс. Британскиот крал Едвард Седми го прогласил витез поради ангажманот на памфлетот за Бурската војна во којашто не можел да учествувал бидејќи бил предебел за војни, меѓутоа волонтирал како лекар.
Дури двапати, безуспешно, се обидел да стане пратеник од редовите на Унионистите во британскиот парламент, а пред да започне да се занимава со пишувањето, се обидел и како лекар. Отворил офтамолошка ординација во Лондон, но потоа, како што признава во својата автобиографија, бидејќи ниеден пациент не го минал прагот, можел повеќе да се посвети на пишувањето,
Дојл бил пријател со авторот на волшебниот детски роман „Петар Пан“, Џејмс Метју Бари, со кој понекогаш и соработува, како и со Брем Стокер, авторот на „Дракула“, Роберт Луис Стивенсон кој го напиша „Островот со богатство“, додека со славниот Џорџ Бернард Шо во 1912 година јавно се скарал околу несреќата на „Титаник“. Дојл, имено, бил вчудовиден од огорчените коментари на Шо на сметка на храброста на многу од патниците на бродот што тонел.
Иако Шерлок Холмс е неговиот најпознат лик, на Дојл не му бил особено омилен, на во 1893 година се решил да го „убие“, а швајцарскиот град Мејринген во кој се одвива дејствието на романот во кој животот го губи детективот, во 1988 година именуваше еден плоштад во Плоштад на Конан Дојл. За среќа на љубителите на крими литературата, под притисок на јавноста, во 1903 година, Дојл го „ожувува“ Холмс.
За пошироката јавност помалку е познато дека освен што пишувал крими-романи, Дојл и самиот решил едно убиство. Неговото внимание било привлечено од случајот на убиство на богатата 82-годишна Марион Гилхрист од Глазгов. Дојл го применил „методот на Холмс“, открил нови докази, повторно ги повикал сведоците и ги довел во прашање доказите на обвинителството, и на крајот успеал да го ослободи обвинетиот Оскар Слејтер,
Дојл починал на 7-ми јули 1930 година. Се струполил со едната рака држејќи се за срцето, а во друга свет, и последните зборови ѝ ги упатил на сопругата шепотејќи „Беше прекрасна“.
За разлика од својот најпознат литерарен јунак кој е голем скептик, Конан Дојл бил спиритуалист, кој верувал во постоењето на разни медиуми, па и во самовили. Вложил милион долари во нивниот публицитет, па дури во 1921 година ја објавува книата „Доаѓањето на вилите“. По неговата смрт, во лондонскиот „Ројал Алберт Хол“ е одржана спиритуалистичка сеанса на којашто илјадници луѓе, меѓу кои и неговата сопруга и децата, се обиделе да го довикнат неговиот дух. Авторот не се појавил, иако на сцената му бил подготвен и празна столица, меѓутоа многу од учесниците подоцна тврделе дека силно го чувствувале неговото присуство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

