Забава
За 55.000 долари продадена пораката која ја смени историјата
Една телеграма упатена до нацистичкиот водач Адолф Хитлер од пред седум децении која го смени текот на историјата е продадена минатиот вторник на наддавање за само 55 илјади американски долари од Alexander Historical Auctions на северноамерикански колекционер.
Станува збор за телеграмата којашто Херман Геринг му ја упатил на Адолф Хитлер и се смета за предавничка и еден од најважните документи во текот на најзначаjните моменти од најстрашната војна што дотогаш ја видело човештвото, пишува The Washington Post. Според весникот, тоа е пораката којашто, заедно со напредувањето на сојузничките од едната страна, и советските трупи, од другата страна, го натерала нацистичкиот челник да го проголта цијанидот и да се застрела во подземниот бункер во Берлин.
И покрај влијанието што го имал врз текот на Втората светска војна, овој документ завршил во сеф во американската сојузна држава Јужна Каролина и бил целосно заборавен повеќе од деценија, сé додека не дошол до еден студент, кој го понудил на аукцијата.
Оваа телеграма меѓу највисоките нацистички водачи, можела да го промени текот на историјата, доколку по некоја случајност не стигнала во рацете на Хитлер. Некои историчари сметаат дека Хитлер видел во пораката обид за државен удар.
Датирана е на 23-ти април 1945 година кога Адолф Хитлер и повеќето од неговите најблиски сојузници биле во опсада на советските сили, но не и Херман Геринг, кој бил толку близок со фирерот што овој во 1941 година со таен декрет одлучил дека Геринг ќе ја преземе неговата должност, доколку самиот Хитлер биде заробен или убиен.
Малку по полноќ на споменатиот датум, од нацистичката база во Берштезгаден, Геринг му ја испратил телеграмата на Хитлер. Во неа, меѓу другото, напишал дека доколку до 22 часот не добие никаков одговор ќе се чувствува слободен да претпостави дека Хитлер е затворен, како и дека согласно тоа се исполнети условите од тајниот декрет.
Меѓутоа, луѓето од опкружувањето на Хитлер ја искористиле телеграмата дополнително да му го поматат умот и да го наполнат со омраза кон Геринг. Иако Хитлер во почетокот бил апатичен, откако стигнала уште една телеграма во којашто Геринг навел дека тој ќе биде наследникот на сите негови должности, ситуацијата драстично се променила. Разгневениот Хитлер во одговорот го обвинил Геринг за предавство и му порачал дека ќе се откаже од негово санкционирање, доколку поднесе оставка на сите функции.
Гневот набрзо се претворил во депресија, како што во својата автобиографија појаснува (Бертолд Конрад Херман) Алберт Шпер, главниот архитект на Хитлер и министер за вооружување и воено производство.
„Во ред, Геринг нека го договара предавството. Ако војната во секој случај е загубена, не е важно кој тоа го прави“, наводно рекол Хитлер. Шпер натаму тврди дека Хитлер во тие моменти бил на работ од силите. Со години пред тоа бил преоптоварен и ја потиснувал извесноста на својот крај која секојдневно станувала сé поизвесна. На крајот немал сили да ја прикрива ситуацијата во која се нашол и се откажал.
Една седмица подоцна Хитлер и неговата партнерка Ева Браун се самоубиле. А американскиот војник, капетанот Бенџамин Брејдин, го земал документот заедно со уште неколку други и ги донел во САД. Телеграмата со години стоела во семејниот сеф во банка додека еден од наследниците не напишал теза и ја предал на својот професор./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

