Македонија
Инциденти на македонско-грчката граница, повреден еден полицаец
Еден полицаец е повреден при судирот на македонската полиција со мигрантите кои утрово се обидоа насилно да влезат во Македонија, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, околу 5.000 мигранти се обиделе да влезат во Македонија и при обидот насилно да преминат на македонска страна, била скршена заштитната ограда која беше поставена на границата. За растерување на мигрантите македонската полиција употребила хемиски средства, а светските агенции утрово јавија дека бил употребен солзавец и чадни бомби. Бегалскиот прифатен центар Идомени на грчката на страна на границата може да прими само околу 2.000 лица и тоа за краток престој. Голем број мигранти во Центарот, спијат на отворено, чекаат со часови да добијат храна и вода, а пред санитарните простории има долги редови, јавува германската агенција ДПА.Во текот на целата недела Македонија пушташе мал број мигранти да ја минат границата, додека претходниот ден околу 300 Ирачани и Сиријци влегле во земјава. Во понеделникот во Атина пристигнал траект со 1.800 нови бегалци. Според информациите на УНХЦР, околу 3.000 луѓе доаѓаат на грчките острови секој ден. Според извештаите во грчките медиуми, моментално има повеќе од 25.000 мигранти ширум земјата, вклучувајќи ги оние во Идомени и оние кои чекаат на островите. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

