Македонија
Јанева: За моите капацитети нека каже Зврлевски, тој ми беше шеф
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжија со во четвртокот со дискредитација на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, а пратениците од опозицијата ја храбреа да продолжи со својата работа и бараа да каже со какви наводно проблеми се соочува и на продолжението на Комисијата за политички систем на којшто се разгледува Извештајот од работата на ова Обвинителстото за последните шест месеци.
Додека Јанева одговараше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано дофрлаа, а Јанева ги слушаше прашањата на слушалки, најверојатно за да може подобро да се концентрира и постојано запишуваше. Капацитетите на Јанева за да се справи со должноста којашто ѝ е доверена, кога ќе открие од каде лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги добил прислушуваните материјали, беа дел од прашањата на пратенцитие на ВМРО-ДПМНЕ, а пратенците од СДСМ ја прашуваа со какви проблеми се соочува.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја праша Јанева дали во своето работно искуство водела случаи во којшто имало органзииран криминал, изборни измами и големи случаи, предупредувајќи ја дека сега ќе се соочува со вакви преизвици.„Внимателно го слушав господинот Милошоски исто како што го слушав во прислушуваните разговори. За моите капацитети нека каѓе мојот колега, Зврлевски, кој ми беше шеф“, рече Јанева додека врлевски седеше до нејзе, но тој не се одзва на нејзиниот повик. Пратеникот, Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Јанева кога СЈО ќе открие кој, како и зошто прислушувал и од каде му се материјалите на Заев. Јанева апелираше судот што побрзо да судот да го закаже рочиштето за „Пуч“ за да се открие кој и зошто прислушувал во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година. „За да се открие кој, како и зошто прислушувал, треба да почне случајот ‘Пуч’, бидејќи тоа е наш приоритет. Минатото рочиште се одложи само затоа што не беше присутен еден поротник, иако за вакви случаи треба да има замена. Јас го молам судот да го закаже рочиштето на 1-ви октомври и да не одолговлекува за месец ипол, бидејќи тоа е неразумен временски период“, рече Јанева.Пратеникот на СДСМ, Љубомир Јосифовски, пак, застана во одбрана на Јанева и рече дека не е додјена да биде оратори, и побара Јанева да каже со какви проблеми се соочува во нејзината работа. Таа уште еднаш го спомена нивниот приоритет, да се открие кој прислушувал. „И јас сум разочарана од нашата работа која оди многу бавно. Ни требаше една година да се преелиме во нашите простории. Имавме пречи од судот за случајпот „Пуч“. Две недели ги скениравме и ги фотокомиравме доказите од ‘Пуч’“, рече Јанева. Според пратеникот од НСДП, Горан Мисовски СЈО е единствената институција која не може да ја контролира поранешниот премиер Никола Груевски и му забележа на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, заради тоа што не повел ниедна постапка по објавувањето на прислушуваните разговори.Расправата во Собранието за Извештајоттрае два дена, а во понеделник се очекува Извештајот да се разгледува на Пленарната седница./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

