Забава
Почина најславниот британски ограбувач Рони Бигс
Eден од најпознатите британски криминалци учесник во тан Големиот грабеж на возот од 1963 година, Рони Бигс починал во средата на 84-годишна возраст во старечки дом во северен Лондон, со многу нарушено здравје по серијата мозочни удари, објавија тамошните медиуми.
Рони Бигс беше дел од бандата којашто го ограбила поштенскиот воз на релација Глазгов – Лондон однесувајќи тогашни 2,6 милиони британски фунти, во денешна противвредност од 46 милиони фунти или 75 милиони американски долари.
Како и другите членови е брзо уапсен и осуден на 30 години затвор. Од затворот во Вандерсворт побегнал уште во 1965 година и од тогаш слободно и сосема јавно живеше во Шпанија, Австралија и Бразил, и како своевидна славна личност секогаш успеваше да го избегне прогонот на Скотланд јард.
Се врати во Велика Британија во 2001 година, веќе со нарушено здравје поради лечење, но веднаш е сместен во затвор од кој беше ослободен во 2009 година поради нагло влошување на неговата здравствена ситуација. Оваа одлука тогаш британските власти ја објаснија со хуманитарни причини, повикувајќи се на здравствената состојба и неговата возраст. Последен пат во јавноста Биг се појави во март 2013 година, на погребот на Брус Рејнолдс, друг учесник во големиот грабеж, коj го направил планот.
Иако улогата на Биг во грабежот не била особено значајна, тој стана најславниот учесник во него, поради спектакуларното бегство од затворот во кој одлежал само 15 месеци од 30-годишната казна, и речиси 40 години успеваше да биде недостапен за правдата.
Авторот на неговата биографија, Кристофер Пикард за BBC изјави дека Биг е запаметен како еден од наjинтересните ликови во Англија во последниот половина век. „Беше првиот производ на медиумската ера. Стекна слава бегајќи по светот“.
Вкупно 15 членови на бандата го запреле поштенскиот воз на еден моста во Англија, пореметувајќи ја железничката сигнализација. Носејќи скијачки маски, од возот земале вкупно 120 торби полни со пари.
Бигс во едно интервју изјави дека неговиот дел изнесувал 147 илјади фунти. „Ги спискав за три години. Од тогаш живеев само од славата“, рече. Даваше интервјуа, продаваше маици со неговиот лик, снимаше реклами, отворено пркосејќи им на британските власти. Никогаш не се покај за грабежот за кој се снимени неколку филма./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дали знаевте дека во Европа постои село на Штрумфовите? Сè е сино!
Фото: Селото Júzcar, скриено во срцето на Андалузија, Шпанија, со своите сини куќи и ѕидни мурали инспирирани од Штрумфовите, стана една од најнеобичните европски атракции.
Во срцето на Андалузија, во Шпанија, се наоѓа необично место – селото Хускар (Júzcar), познато како „селото на Штрумфовите“, каде што сите куќи се обоени во сино.
До 2011 година, Хускар бил обично бело андалузиско село, сè додека продукциската куќа „Сони“ не го избрала за промоција на анимираниот филм Штрумфови, целосно обоивши го во препознатливата сина боја.
View this post on Instagram
По завршувањето на кампањата, куќите требало повторно да се вратат во бело, но мештаните одлучиле да ја задржат сината боја, откако туристите почнале масовно да пристигнуваат. Денес, селото е познат туристички бисер – украсено со мурали од Штрумфета, Папа Штрумф и Гаргамел, големи скулптури од печурки и патеки за прошетки меѓу зелените планини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хускар, кој некогаш бил индустриско село, денес живее од туризмот и гордо го носи прекарот – „најсинoто село во светот“.
View this post on Instagram
Забава
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“: Не сум била под нож, да се биде жена е тешко, стареењето е тешко
Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.

