Македонија
Иванов: Канонизацијата на Мајка Тереза е чин што ќе го обедини светот, да не обедини и нас
Канонизацијата е настан што сите нас во Македонија треба да не издигне над секојдневните политички тензии и недоразбирања, и да ни помогне да го препознаеме човекот и човечкото во политичкиот противник. Канонизацијата на Мајка Тереза е чин што ќе го обедини светот. Крајно време е да не обедини и нас, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вчерашното обраќање по повод Илинден, а во пресрет на прогласувањето на Мајка Тереза за Светица на 4 септември во Ватикан.
Церемонијата во Рим на која се очекува присуство на многубројни верници и високи гости од целиот свет, ќе ја предводи Папата Франциск, кој во март годинава го потпиша декретот за канонизација на Мајка Тереза. Прогласувањето на Мајка Тереза за Светица, Република Македонија ќе го одбележи со низа настани и манифестации, а во Скопје, родниот град на светската хуманистка ќе биде приредена Татковинската прослава, насловена како „Месец на Св. Мајка Тереза“. „Македонија на светот отсекогаш му подарувала личности кои со својата мисла и мисија ги премостувале разликите и ги поврзувале луѓето и народите“, рече македонскиот претседател во говорот по повод одбележувањето на државниот празник Илинден на Пелинце. Посветувајќи им го животот на отфрлените и на сиромашните во светот, посочи Иванов, скопјанката Мајка Тереза стана препознаена како мајка на милосрдието, или мајка на 20-от век. На 4 септември, кога папата Франциск во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица, во капелата на нејзината Спомен куќа во Скопје ќе биде одржана свечена Св.Евхаристија. Во чест на канонизацијата на Мајка Тереза во септември ќе бидат одржани повеќе миси во католичката црква, изложби, концерти, прикажување на филмови за живот и делото на светски познатата мисионерка. Во МАНУ ќе биде одржана Свечена академија, како и пригодна академија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во рамки на татковинската прослава ќе биде организирана и хуманитарна акција, додека централниот настан ќе се случи на плоштадот Македонија. На местото на родната куќа на Мајка Тереза е предвидена духовна програма, а ќе биде прогласено и Светилиште на Св. Мајка Тереза. Воедно во Рим, ќе биде претставена изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка, што ќе ја реализираат Министерството за култура и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот Свети Петар во Рим во 2003-та година, на која присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

