Забава
Шведскиот Дедо Мраз најбогат

Шведскиот дедо Мраз – Јултомтен е најбогатиот меѓу своите европски колеги, а следата дедомразовците од Русија и Франција, покажа истражувањето на Агенцијата за развој и истражување на недвижнини од руската северна престолнина Санкт Петербург, којашто ги анализира вредностите на имотите на коишто „живеат“ најочекуваните дедовци.
Имотот на шведскиот Јултомтен (Jultomten) којшто го сочинуваат згради, шуми и мочуришта се проценува на повеќе од три милиона евра, пренесува Итар-Тасс.
Рускиот Дедо Мраз (Дед Мороз), чиј имот е во градот Великиј Устјуг во Волгоградската област, кои се состои од хотели, викендичка, сауна, кафе бар, базен, игралишта и лизгалишта на парцела од 10 хектари, чини 1,7 милиони евра, во коишто влегуваат, капутот, запрежни коњи, стапот и торбите со подароци.
На трето место е францускиот Пер Ноел (Pere Noël) со недвижнини во Алпите со цена 1,34 евра, додека резиденцијата на норвешкиот Јуленисен (Julenissen) во зимскиот центар Савал е проценета на 1,22 милиони евра.
Најголем имот, според површината има белорускиот Дзеда Марози, со површина од 15 хектари шума во Беловежеската гора. Овој имот е проценет на 1,05 милиони евра, и е на петтото место според вредноста.
Финскиот Дедо Мраз – Јоулупукки (Joulupukki), пак, е најскромен на оваа листа. Неговиот имот зафаќа 10 хектари со што не заостанува зад другите, но неговата вредност е речиси за половина помала и изнесува „само“ 736 илјади евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.