Македонија
Спасовски без коментар за истрагите почнати од СЈО
За тоа дали имало налог за апсење на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, зошто не се приведени поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, за истрагата за ткн. Фабрика за афери, за личните карти и матични броеви, случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не одговори, и упати да се постават тие прашања во СЈО, при денешната посета на полициската станица во Кисела Вода.
„Активностите коишто се спроведуваа во однос на оперативната акција ‘Титаник’ ги водеше Специјалното јавно обвинителство и е постапено врз основа на нивна наредба“, вели Спасовски, а дали имало налог за апсење на Темелко, додава дека се што е преземно е преземено врз основа на наредба од Специјалното јавно обвинителство.Во однос на случаите на напади на новинари, рече дека еден од случаите е веќе расчистен.„Се работи за нападот врз Борјан Јовановски во кафеаната ‘Сокаче’. Се работи на расчистување и на другите за што дополнително ќе информираме. Меѓутоа мора да признаеме дека во одредени случаи на напади не само врз новинарите туку и други напади коишто се случиле има одредени пропусти коишто биле направени на денот на случувањето, така да потешко се доаѓа до информации и затоа тоа трае подолго“, рече Спасовски, додавајќи дека правните мерки коишто можеа да бидат преземени во однос на овој случај се преземени.За тоа дека во одредени напади има пропусти, Спасовски вели дека нормално, сега се работи во рамките на Секторот за внатрешни работи Скопје, затоа што се најчесто и во Скопје, и секако дека таму каде што ќе се констатира пропуст на кој и да е полициски службеник, ќе има соодветна постапка којашто ќе си ја води Секторот за внатрешни работи.Инаку, најави дека како што беше денешната посета на полициската станица во Кисела Вода, ќе се остварат и други посети, во речиси сите полициски станици во земјава, за да се видат недостатоците и да се подобри состојбата, условите за работа и да се доелипира полицијата.„Сметаме дека мораме лично од луѓето коишто работат во полициските станици на овој сектор, а како еден од најзначајните сектори, да се запознаеме со состојбата на станичното подрачје коешто го опфаќа, за проблемите коишто ги имаат полицајците, за проблемите коишто се појавуваат воопшто во нивното функционирање“, рече Спасовски.Рече дека командирот на полициската станица и началникот на СВР Скопје информирале дека имаме подобрување во работата, но тоа е далеку од потребното и од очекуваното. „Ќе се направат сите можни активности овој процент да се зголеми, да ја зголемиме безбедноста на граѓаните заради тоа што појавувањето на многу кражби и други деликти очекуваат потреба од енерегично реагирање“, рече Спасовски.Се работи за проблеми во функционирањето, пред сé, затоа што има мал број полициски службеници коишто работат во полициските станици. „Најстојуваме и посакуваме и тоа е наша заложба да ја вратиме позорникарската служба во Скопје а потоа и во Република Македонија. Но, за тоа треба поголем број на полицајци коишто ќе можат тоа да го прават и затоа ќе се организираме во тој дел. Исто така има проблеми и во делот на просторното сместување, проблеми во делот на техниката. Сетоа тоа се разгледува за да можеме колку толку, чекор по чекор да ги намалуваме овие проблеми , а со тоа и да ја зголемиме мотивацијата кај полициските службеници“, рече Спасовски.На територијата на Општина Кисела Вода, најраспрстренет криминалитет е оној од делот на имотните деликти. „Меѓутоа се зголемува и процентот на реализацијата во овој дел така да ќе се направат и дополнителни анализи како и на кој начин тој процент да го зголемиме што е можно повеќе. Меѓутоа, многу важно е да делуваме превентивно. Најзначајно за превенцијата е да имаме позорникарска служба“, додаде Спасовски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.
Македонија
Најмногу дожд во изминатото деноноќие падна во Пожаране и Попова Шапка
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци еден литар на метар квадратен.
До вторник синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Денеска наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Македонија
Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни
Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата.
Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување.
Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата пит бул, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок.
Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани.
Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство од моментот на сторување на делото, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи нив да им се суди во отсуство.

