Контакт

Македонија

Вељаноски на 15 април ќе ги распише изборите за 5 јуни

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ги распише предвремените парламентарни избори на 15-ти април, за тие да се одржат на 5-ти јуни.

dobivaj vesti na viber

„Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15-ти април, а изборите да се одржат на 5-ти јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски  избори“, соопштија од Кбинетот на претседателот на Собранито. Тој апелира до до институциите, до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера „со што уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности“./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Објавено пред

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното место и повикаа на итни мерки за заштита.

dobivaj vesti na viber

Тие бараат нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.

„Вработените во Центрите за социјална работа секојдневно се соочуваат со закани, вербални и физички напади додека ја вршат својата должност за заштита на најранливите категории граѓани. Недостатокот на безбедносни мерки во институциите каде што работиме сериозно го загрозува не само нашето физичко и менталното здравје, туку и квалитетот на услугите што ги обезбедуваме. Од ова место сакаме да изразиме силна осуда на говорот на омраза кој што континуирано се случува а ескалираше во вчерашниот ден на социјалните мрежи. Таквиот говор на омраза само ги охрабрува сите оние кои мислат дека се незадоволни и може да придонесе за ново насилство во било која институција“, изјави Марко Спиркоски, вработен во Центар за социјална работа Прилеп.

Директорот на прилепскиот Центар за социјални работи Зоран Малкоски, пак, вели дека пукањето е и напад на околу 1.200 вработени во сите 30 центри за социјални работи низ државава. Тој не знае зошто не биле информирани за бегството на осомничениот од Психијатриската болница во Демир Хисар, а неговите обиди да стапи во контакт со директорот на Психијатриската болница биле безуспешни.

Социјалната работничка, која вчера беше повредена на работното место, е во стабилна состојба. Обвинителството покрена истрага против 50-годишниот прилепчанец кој се сомничи за кривично дело „ обид за убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје експлозивни материи“. Се бара притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Објавено пред

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава и е во добра состојба.

dobivaj vesti na viber

Тој беше донесен од болницата во Белград, Србија и засега останува на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев рече дека клиничката состојба кај пациентот е подобрена и тој извесен период, неколку часа или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија.

„Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството“, рече Чибишев.

Како што објасни протоколот налага да биде земена барем основна лабораторија, да направат интервју за да видат низ се што поминал додека се лекувал таму.

„Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувањата“, додаде Чибишев.

Пациентите кои се враќаат во земјава, но и оние кои се лекуваат во државата, ќе бидат третирани и од тимови на психијатри и психолози.

Прикажи повеќе...

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Објавено пред

В недела, на 30 март, ќе се одржи второто меморојално пешачење во Битола во спомен на Благојче Илијевски, кој почина во 2023 година, чекајќи државата да го набави лекот „Трикафта“.

dobivaj vesti na viber

Пешачењето ќе биде со водичи од планинарското друштво од Битола „ПСПК 7ми мај Битола“.

Поаѓањето е од  10 часот од кај винарија Чифлик во близина на селото Брусник, и продолжува по земјен пат, до селото Дихово и назад кон селото Брусник.

Асоцијација за Цистична Фиброза го организира меморијалното пешачење во негова чест, избирајќи датум помеѓу неговиот роденден  27. март, како и именденот 7. април.

Благојче Илиевски, речиси две години добиваше уверувања од државата дека ќе го добие лекот за цистична фиброза, но чекајќи ја изгуби битката со болеста.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија2 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија2 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија5 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија7 часа

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија7 часа

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија10 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија10 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија10 часа

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...

Македонија11 часа

Чибишев: Јован е во одлична состојба, си отиде дома нашиот херој

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба,...

Македонија12 часа

(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек, кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21...

Македонија13 часа

СДСМ: Бараме одговори, дали актуелните командири и началници од МВР се изземени од истрага?

„И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно...

Свет15 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Сеул: пронајдено телото на мотоциклист, кој падна во неа

Човекот кој падна во голема дупка што се отвори на пат во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, е пронајден...

Европа16 часа

(Фото) Зеленски спие под фотографија од Кремљ во пламен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори....

Свет16 часа

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера...

Македонија1 ден

„Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава“: порачаа учесниците на протестниот марш

На Плоштадот Македонија во Скопје започна протестот на граѓанското движење „Кој е следен“. Учесниците бараат одговорност за трагедијата која минатата...

Топ1 ден

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп: повредено вработено лице, сторителот уапсен

Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје...

Топ1 ден

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на...

Македонија1 ден

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за...