Забава
Милионерка од Саудиска Арабија бара маж кој ќе ја ожени, но не за пари
Разведена милионерка од Саудиска Арабија која се претставува како педесет и петгодишна Фатоун и има две деца, бара маж преку оглас.
Еден од условите за потенцијалниот младоженец е дека не смее да ја земе за жена поради парите.
Нејзиниот нов маж мора да биде образуван, помлад од нејзе и паметен. „Ал Арабија“ пишува дека огласот е објавен во весник, но не е наведено како може да се стапи во контакт со богатата дама.
Ова е втора жена од Саудиска Арабија која бара маж преку оглас. Пред две години, неидентификувана 33 годишна жена преку оглас бараше „добар сопруг“ за кој беше подготвена да плати 330 милиони ако се одлучи да ја земе за жена.
Во меѓувреме, 39-годишната Шерон Тирабаси од Хамилтон, Канада која пред девет години на лотарија освои повеќе од десет милиони канадски долари, повторно е сиромашна.
Парите ги трошеше на луксузни куќи, автомобили, забави, дизајнерска облека и заеми,а денес е пак на почеток.
Тирабаси за „Хамилтон Спектејтор“ раскажала дека повторно се вози со јавниот превоз, дека живее по кирија и работи хонорарни работи.
„Ја проверував состојбата на сметката од време на време, но секогаш имало толку нули , па мислев дека е се под контрола. Потоа сфатив дека износот се намалил на 750.000 канадски долари, коишто ги орочив за своите деца, а парите ќе ми бидат исплатени кога ќе наполнат 26 години“ објасни Шерон.
Кога ги освоила парите имала три деца, секое од различен маж. По добивањето на лотарија го запознала својот иден сопруг кој со себе довел уште три деца. /крај/блиц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

