Забава
11-ти ноември, ден кога заврши Првата светска војна
На денешен ден во 1918 година Германија потпиша капитулација, што значеше крај на Првата светска војна, во која загинаа најмалку 10 милиони војници, а уште толку луѓе починале од разни болести и глад. Големата војна траеше од 28-ми јули 1914 година до 11-ти ноември 1918 година и дотогаш тоа беше најголемиот воен судир меѓу државите.
Големата војна се водеше на три континента (Европа, Африка, Азија), мобилизирани биле околу 70 милиони војници. Во него учествувале речиси сите светски сили групирани во два блока: Силите на Антантата и Силите на Оската.
Непосреден повод за војната беше атентатот врз австроунгарскиот претолонаследник Франц Фердинанд во Сараево на 28-ми јуни 1914 година, кого го убива Гаврило Принцип.
Кога Австроунгарија ѝ објавува војна на Србија, активирани биле стартите сојузништва што доведува до почетокот на Првата светска војна. До крајот на август 1914 година речиси цела Европа била во војна.
Големата војна заврши со низа на мировни договори, од кои најважниот е Версајскиот мир, потпишан на 28-ми јуни 1919 година. Бугарија била првата земја која потпишала примирје на 29-ти септември 1918 година во Солун, а Османлиската империја капитулирала на 30-ти октомври во Мудрос. Австроунгарија потпиша примирје на 3-ти ноември во вилата Џуста, во близина на Падова.
Подоцна, откако од власт била тргната Хазбуршката монархија, Австрија и Унгарија попишале меѓусебно примирје.
Во Германија на 9-ти ноември избувнала револуција кога е прогласена републиката, а германскиот цар Вилхем Втори пребегал во Холандија каде добил азил.
Два дена подоцна, на 11-ти ноември, во железничкиот вагон во местото Компијењ, во близина на Париз, и Германија го потпишала примирјето со Силите на Антантата. Формално војната траеле уште седум месеци, сé до потпишувањето на Версајскиот мир со Германија. Мировните договори со Австрија, Унгарија, Бугарија и Османлиското царство биле потппишани подоцна.
Канадскиот војник Џорџ Лорендс Прај, кој бил погоден од германски снајпер во местото Виле Сурен во Белгија, традиционално се смета за последната жртва во Првата светска војна. Тој починал во 10:58 часот, додека примирјето стапило на сила во 11 часот на 11. 11.1918 година.
Инаку, железничкиот вагон во кој било потпишано примирјето, Адолф Хитлер го искористил во 1940 година, како место во кое Франција ја потпишала својата капитулација. Историскиот вагон е уништен во сојузничкото бомбардирање на Берлин во 1945 година.
Во знак на сеќавање на потпишувањето на примирјето, бројни држави го одбележуваат овој ден, некои само со пригодни свечености, а во некои овој ден е државен празник.
Ова е ден за сеќавање на жртвите. Со двеминутен молк, во 11 часот во многу земји им е одадена почит на загинатите за време на Првата светска војна./крај/мф/нц
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

