Вести
Анкара им одговори на САД: Никој нема право да ѝ каже на Турција против кого може да се бори
Никој нема право да ѝ каже на Турција против која терористичка организација може да се бори, изјави во понеделникот турскиот министер за европски работи Омер Челик, одговарајќи на критиките упатени кон Анкара поради судирот со курдските сили во рамките на својата воена операција во северна Сирија.
„Никој нема право да ни каже против која терористичка група можеме да се бориме, а која треба да ја игнорираме“, изјави Омер Челик на прес-конференција во Анкара, пренесе Reuters.
Турските сили навлегоа подлабоко на територијата во Сирија во понеделникот, по што Анкара беше критикувана од Вашингтон кој изрази загриженост дека турската операција ја изгубела од вид својата главна цел, а тоа е, оценуваат САД, борбата против екстремната сунитска организација Исламска држава.
САД продолжуваат поддршката сириската курдска милиција Единици за заштита на народот (YPG) во борбата против Исламската држава. Анкара, којашто е дел од коалицијата предводена против Исламската држава предводена од САД, ја смета YPG за терористичка организација која е блиска со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK).
Пентагон соопшти дека судрите меѓу Турција и прокурдските сили на северот од Сирија се „неприфатливи“ и дека мора да престанат.
Судирите на локациите на коишто се наоѓа Исламската држава предизвикуваат длабока загриженост, објави на Twitter американскиот претставник во антиџихадистичката коалиција Брет МекГарк по брифингот во министерството за одбрана на САД.
„Сакаме да појасниме дека тие судири неприфатливи и ја предизвикуваат нашата длабока загриженост“, соопшти Пентагон и додава дека „САД не се вмешани во тие активности, тие не се координирани со американските сили и ние не ги поддржуваме“. „Во согласност со тоа ги повикуваме сите вооружени актери да се повлечат и да преземат соодветни мерки за смирување на судирите и отворање на канали за комуникација“, го цитира AFP соопштението на американското министерство за одбрана./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.