Македонија
„Протестирам” почна да одбројува – кризата траеше доволно долго
Граѓанското движење „Протестирам“ продолжува со антивладините протести, а за понеделник вечер, во прогласот на нивната фејсбук група, најавуваат бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања.
„Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога Мартин Нешковски беше брутално убиен, а власта се обиде да го сокрие убиството. Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење. Од понеделник одбројуваме! кризата траеше доволно долго! в понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! нема веќе да нѐ гледаат само од шест, туку ќе нѐ гледаат секој ден! ќе има правда, ќе има мир!“, пишува во прогласот на протестрам. На протестот пред Специјалното јавно обвинителство ќе бидат присутни и лидерите на сите опозициски политички партии, кои ќе ги слушнат барањата на „шарената револуција“.Либерално-демократската партија ќе се приклучи на протестот на „Шарената револуција“ вечерва во 18 часот пред СЈО.„Како конструктивна партија, која почива на принципите на демократијата, сметаме дека повикот и оправданоста за еден ваков масовен протест е фактичката состојба во државата, неоправдана и неправедна, во која власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја втурна Република Македонија“, велат од ЛДП.Денеска се чека и конкретниот план на СДСМ за излез од кризата, како што најави потпретседателката Радмила Шекеринска во Гостивар, план за тоа „како на изборите да одлучуваат граѓаните и како да се обезбеди во државата секој граѓанин да биде ист пред законот“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

