Македонија
Поради надојдена вода во прекин сообраќајот по обиколница Скопје од Хиподром до Сарај
Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница Скопје, од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистувањето и оспособувањето на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерски-информативен центар на Јавното претпријатите „Македонијапат“.
Од јавното претпријатие наведува дека негови екипи се постојано на терен со комплетна механизација (возила и градежни машини) и работат на оспособување на сите проблематични делници, а во некои случаи даваат помош и на некои локални самоуправи каде што имаат потреба од механизација, како што е патниот правец Шипковица – Бродец.
Од ЈП Македонијапат велат дека ја следат состојбата будно, реагираат експресно на сите поставени задачи, а граѓаните можат да се обратат кај нив за подетални информации на нашиот дежурен тел. број 02/ 25 61 502 или да ја посетат нашата веб-страница www.makedonijapat.com.mk која се ажурира на секои два часа.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Автомотосојузот на Македонија, пак, во понеделникот вечерта информираше дека освен на обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај каде што е во прекин, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

