Забава
Најстарата Европејка Ема Морано наполни 114 години
Најстарата жена во Европа, Ема морано во петокот го прослави својот 114-ти родендени со што на светската листа најдолговечни луѓе „Бабата на Италија“ го зазема петтото место.
Роденденот на Ема Морано, којашто живе во градот Вербанија на брегот на познатото езеро Лаго Маџоре, ѝ го честиташе претседателот Џорџо Наполитано пожелувајќи ѝ „најдобри желби во името на сите Италијанци“. Минатата година италијанскиот претседател ја одликуваше со орденот за Заслуги за Републиката.
На 15-ти ноември 2013 година, неколку седмици пред да наполни 114 години, почина европската „конкурентката“ на Морано, најстарата жителка на Велика Британија, Гејс Џонс
Долговечната Морано се чувствува многу добро, самата се грижи за себе и самата си подготвува храна. Секој дена таа се разбудува во шест часот наутро а на спиење оди во околу седум навечер. Кога утрово кај неа дошле роднините и пријателите, како и многубројни новинарски екипи, за да ѝ го честитаат 114-от роденден, таа го запрашала – „А вие верувате дека во Европа никој не е постар од мене?“, пренесува агенцијaта Ansa. На прашањето, пак, како се чувствува на овој свечен ден, Морано одговорила: „За мене ништо не се сменило. Ова е ден како и сите други“.
Ема Морано е родена во XIX век, на 29-ти ноември 1899 година. Во нејзината голема фамилија имало многу стогодишници: нејзината тетка живеела 101 година, мајка ѝ 9 година, а секоја од нејзините пет сестри надминала 90-годишна возраст. Таа целиот живот работела во фабрика и се пензионирала на 75 години. Вели дека целиот свој дол живот не го менувала начинот на исхрана. За појадок зема малку колачиња со млеко или со вода, за ручек тестенини со мелено месо, а за вечера пие само малку млеко. Покрај тоа, таа од 20 годишна возраст секојдневно јаде по едно варено и две сирови јајца.
Феноменот на долговечноста на Ема Морано ги заинтересира и научниците. Така, минатата година ја посетија американски истражители.
Во Италија, исто така, живее и во моментов најстариот човек на светот Артуро Лицата од Италија кој има 111 години, кому оваа „титула“ му припадна на 15-ти септември годинава, кога во домот за стари лица во Гранд Ајсланд во американската сојузна држава Њујорк почина Салустијано „Шорти“ Санчез-Бласкез, кој беше запишан во Гинисовата книга на рекордите со наполнети 112 години.
Во Италија, инаку, живеат многу стогодишници. Во август годинава властите во гратчето Капракота коешто се наоѓа во јужната област Молизе, организираа фестивал во чест на пет свои сожители, од кои најстариот има 104 години, а најмладиот е 101-годишник.
Најстарата жена на светот, пак, е Мисао Окаа од Јапонија на возраст од 115 години, според податоците на Групата за геронтолошки истражувања којашто ги следи лицата постари од 110 години и ја потврдува нивната возраст за Гинисовата книга на рекордите.
Носител на титулата најстар човек на светот со 116 години верификувано од Гинисовата книга на рекордите, му припаѓаше на Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.
Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.
Кон крајот на јулу 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.
Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата.
Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот.
Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади)./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите „Rock & Roll Hall of Fame“ во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата „Gossip Girl“ се појави во долг чипкан фустан без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамени.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит серијата „Gossip Girl“ од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција, бидејќи тоа е огромна можност. „Gossip Girl“ е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга страна, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во подкастот „Call Her Daddy“.

фото: принтскрин
Забава
Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии
Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба, објавувајќи серија фотографии на Инстаграм. 33-годишната ѕвезда од филнот „Captain America: Brave New World“, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата навечер, направени на галата „Baby2Baby“ што се одржа претходната вечер.

Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата навечер, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите брзо се појавија на социјалните мрежи, потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата низ Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда. ❤️🔥“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментираше со емотикони во облик на срце.
Џесика, исто така, сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby Гала – толку сум горда на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни залихи за над милион деца во нужда низ целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Има 53 години, каква кралица!“: Северина направи три ѕвезди во штикли
Во Арената „Загреб“, покрај падот на сцената за време на нејзиниот настап, Северина направи и три беспрекорни ѕвезди во високи потпетици.
Првиот од двата концерта беше комбинација од мали гафови и импресивни физички акробации, што на крајот ја остави публиката воодушевена.
Потоа се пошегува за ситуацијата на „Инстаграм“, каде што што објави видео од падот, но и снимка од нејзиното изведување на три ѕвезди во високи потпетици, што предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.
View this post on Instagram
„Вечерва, се надевам, нема да има паѓање… Иако не сакам да ве оставам без таа ‘сензационална’ сцена. Затоа, ако се случи, сметајте ја за намерна (чисто за ‘рамнотежата меѓу ѕвездите’)“, напиша таа заедно со видеото.
Набргу следуваа многубројни комплименти од нејзините обожаватели, кои во коментарите ѝ порачаа: „Драга Северина, повторно покажа колку си одлична! Паѓаш, стануваш и сјаеш уште посветло. Твојата енергија и насмевка секогаш го допираат срцето. Ти благодарам што остануваш толку автентична и силна“, „Само ти можеш да го направиш ова“, „Луѓе, оваа жена има 53 години… каква кралица е“, „Таа е во подобра форма од многу помлади девојки“.
фото: принтскрин

