Македонија
„Репортери без граници“: Светските лидери шират параноја кај новинарите
Слободата на медиумите во светот е во голем и загрижувачки пад поради притисокот на властите и корпорациите, соопшти меѓународната организација „Репортери без граници“ (RSF) во годишниот извештај што го објавија во среда, а нагласуваат дека прв пат Северна и Јужна Америка се зад Африка во годишната класификација на организацијата.
Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на Репортери без граници, посветена на слободата на печатот. Ова претставува пад за едно место од минатата година.„Клевета беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со граѓански постапки, каде се можни големи парични и затворски казни за новинарите и за сопствениците на медиумите. Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од крајот на 2014 година досега, неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници повеќе од половина од новинарите во Македонија велат дека се цензурираат“, се вели во најновиот извештај на „Репортери без граници“.Според „Репортери без граници“ голем број од светските лидери шират параноја меѓу новинарите и преземаат остри мерки против медиумите, а известувањето за настаните од приватните медиумски компании се повеќе е определено од корпоративните интереси. Од „Репортери без граници“ сметаат дека за таквата состојба одговорни се зголемените авторитарни тенденции во земјите како Турција и Египет, поголемата контрола на владите врз државните медиуми, дури и во некои европски земји, како што е Полска, и се потешката безбедносна ситуација во повеќе држави, меѓу кои Либија и Бурунди или пак целосен хаос во некои од нив, како Јемен. „Опстанокот на независното известување е се понеизвесен, како во државните, така и во приватните медиуми поради заканите од идеологиите, особено верските, кои се непријателски настроени кон медиумските слободи“, се вели во извештајот на „Репортери без граници“.Според нив, ширум светот олигарсите ги купуваат медиумите и вршат дополнителен притисок, кој веќе постои од страна на владите. Индексот на слободата на медиумите во 180 држави, кој се објавува од 2002 година досега, е поврзан со серија одвоени показатели: плурализмот, независноста на медиумите, автоцензурата, законите, транспарентноста, опкружувањето и друго. „Сите показатели бележат влошување. Многу државни органи се обидуваат да ја вратат контролата врз медумите во соодветната земја, стравувајќи од премногу отворена јавна дебата“, изјави Кристоф Делоар, генерален секретар на „Репортери без граници“.Падот на медиумските слободи е регистриран на сите континенти и додека во САД тој изнесува 20,5 отсто, во Европа и на Балканот е 6,5 отсто, се вели во извештајот. „Навлегуваме во нова ера на пропаганда, кога новите технологии нудат евтина можност за ширење информации. Денес за сите власти станува се полесно да и се обраќаат директно на публиката преку новите технологии“, додава Делоар.Финска го задржува првото место според индексот на медумска слобода шестта година по ред, а по неа се Холандија и Норвешка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

