Забава
Дигитална архива на историјата на светот на YouTube
Една од водечките компании за продукција на кино-журнали и документарни филмови во XX век, ’British Pathé’, објави комплетна архива која содржи повеќе од 85.000 историски филмски записи (1896 – 1976) на својот канал на YouTube.
Експерти, научници и истражувачи од различни профили, но и сите заинтересирани сега имаат прилика да ѕирнат во ‘златниот рудник’ на оваа архива која содржи снимки од некои од најзначајните моменти во историјата, пренесува Telegraph.
Целокупната архива може да се најде на YouTube каналот на ‘British Pathé’.
Во архивата има околу 3.500 часа видео материјал кој е дигитализиран во 2002 година благодарение на пари добиени од Националната Лотарија.
Оваа единствена видео архива ги покрива речиси сите важни историски настани, познати личности, патувања, спортски натпревари и културни настани, а има и многу информации за Првата и Втората светска војна.
Основана во Париз, во 1986 година, архивата ‘British Pathé’ е формирана во Велика Британија 14 години подоцна. Многумина сметаат дека ‘British Pathé’ го дефинирала форматот на телевизиските вести онакви какви што денес постојат. Згаснала во 1970 година, продавана е повеќе пати, а како независна архива се врати во живот во 2009 година. Две години подоцна отвори YouTube канал, а сега комплетната архива е префрлена на овој видео канал. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

