Забава
За шише стогодишен шампањ 116.000 долари
Шише од шампањот „Krug“ од 1915 година е продадено во петокот за 116.375, или 103.932 евра, на наддавање во Њујорк, а купувачот притоа добил и дводневен престој во француската Шампањ за четири лица кои ќе го пробаат виното на самото место.
Рекорд во цената за шампањ го држеше шише „Veuve-Clicquot“ од 1841 година кое во 2011 година е продадено за 30.000 евра. Тоа шише од 1841 година, според процените минало околу 180 години под море, во потопен брод недалеку од брегот на Финска.
Името на купувачот кој во петокот го купил шампањот „Krug“ не е објавено, меѓутоа се знае дека тој заедно со уште три лица по негов избор, ќе може да проба од ретките вина произведени во истиот вински подрум и ќе ужива во оброк кој за нив специјално ќе го приготви Арно Лалмен, чиј ресторан „Assiette Champenoise“ има три ѕвездички во познатиот водич на Мишлен.
Освен шишето продадено на аукцијата во петокот, винаријата „Krug“ има уште три шишиња од 1915 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.
Забава
(Видео) Ен Хатавеј доживеа незгоден момент во шоуто на Џими Фалон
41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.
Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“
“We don’t read. This is the Tonight Show. You wanna go over to Stephen Colbert if you wanna get people that read books.”
You could hear a PIN DROP I’m fucking crying help ??? 💀 pic.twitter.com/0B6Q0b53jY
— Taylor Robinson (@finelytaylored) April 30, 2024
Одговорот на публиката беше – целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недостатокот на реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси.
Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекина тензијата во студиото, а публиката и актерката се насмеаа.