Македонија
Нови 80 лекови на товар на ФЗОМ

Од 11 јуни годинава, листата на лекови по заштитени имиња на товар на Фондот ќе биде проширена со додавање на 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители и компании.
Со ова, вкупниот број лекови од различни производители што се достапни за осигурениците на товар на Фондот изнесува 2.010 лекови или 52% од регистрираните лекови во државата. Придобивките кои ги овозможува Фондот со оваа измена се бројни, зголемен е бројот на лекови достапни за осигурениците преку аптеките и болниците, поголем е бројот на лекови без доплата, со тоа се зголемува и конкуренцијата на пазарот на лекови во нашата држава и има можност за натамошно намалување на лековите, со тоа има и заштеда на средствата на осигурениците и поефикасно користење на ресурсите во здравствениот систем.Изборот на лекови oд примарната позитивна листа достапни преку 774 аптеки низ целата држава станува побогат за 57 нови лекови по заштитено име, од 48 генерики и наменети за: желудник (omeprazole, pantoprazole), дијабетес, за намалување на нивото на шеќер во крв (glibenclamide, repaglinide), кардио-васкуларен систем, за покачен крвен притисок, за намалување на ниво на масти во крв (amiodarone, verapamil, atenolol, carvedilol, amlodipine, nifedipine, lizinopril, rosuvastatin), епилепсија (levetiracetam), паркинсонова болест (biperiden), воспалителни процеси (betamethasone, methylprednisole), бактериски инфекции (amoxicillin+clavulanic acid, azithromycin, ciprofloksacin), болка, воспаленија, реума (diclofenac, ketoprofen, ibuprofen), простата (dutasteride), алергии (cetirizine, loratadine) и нервен систем (diazepam, sertraline). Бројот на лекови за генерики од болничката позитивна листа кои ги набавуваат клиниките или Министерството за здравство, исто така, се проширува за нови 23 лекови по заштитено име со референтна цена од 18 постоечки генерики, во кои спаѓаат: витамини (ascorbic acid), коагулациони фактори (eptacog alfa), хормони (testosterone), лекови за анемија (iron oxide, saccharated), кортикостероиди (dexamethasone), антибиотици (meropenem, imipenem+cilastatin, colistin),онколошки лекови (gemcitabine, capecitabine, carboplatin, imatinib, triptorelin, letrozole), анестетици (sevoflurane).Буџетот на Фондот за лекови во примарната здравствена заштита за 2016 година е 2,5 милијарди денари и е најголем досега за таа намена.Покрај тоа што во континуитет се проширува палетата на лекови за осигурениците,Фондот прави напори да се обезбедат што повеќе лекови без доплата за осигурениците. Во таа насока, од новите 57 заштитени имиња на примарна листа, 16 од нив се без доплата. Со додавањето на новите лекови по заштитено име, што се присутни на нашиот пазар, бенефитот за осигурениците е во тоа што се зголемува конкуренцијата на пазарот на лекови и осигурениците на Фондот добиваат поголем избор на лекови. Истовремено, тоа значи и можност за натамошно намалување на цените на лековите, заштеда на средствата на осигурениците и поефикасно користење на ресурсите во здравствениот систем./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните.
„Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во Чаир исто како во салата ‘Борис Трајковски’, тогаш е јасно дека буџетот на општината ќе се проголта за една недела. Со таков начин на лошо менаџирање, наставниците ќе останеа без плати, а граѓаните без основни услуги“, изјави Меџити.
Тој се повика на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој како што оцени, констатирал сериозни злоупотреби при организацијата на дводневен самит, за кој биле потрошени околу два милиони евра државни пари.
„Овде не станува збор за мои зборови или политички обвинувања. Овде зборуваат фактите, документите и официјалните извештаи. А кога еден министер троши два милиони евра за дводневен самит, додека граѓаните се мачат со инфраструктура, образование и основни услови, тоа е непростливо“, нагласи Меџити.
Тој потсети и на времето кога Османи беше министер за здравство, споменувајќи дека во Гинеколошката болница во Чаир тогаш добил прекар „пациентот“ – што според него е симболичен показател за неуспешното раководење со институциите.
Меџити кој денес оствари посета на ОУ “Васил Главинов” порача дека Чаир заслужува транспарентно управување, реални инвестиции и грижа за граѓаните, а не злоупотреби и тендери со рекетирање.
„Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Моја обврска како иден градоначалник е да ја вратам довербата и да го заштитам буџетот на Чаир од вакви злоупотреби“, заклучи тој.
Македонија
На Табановце се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Градот Скопје известуваат дека утре (петок), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.