Македонија
Неделкова: Никој не смее да им се заканува на судиите со рaзрешување или реизбор
Никој не смее да влијае врз судијата при донесување на одлуките, да му се заканува со разрешување, реизбор, да го повика на одговорност за донесена одлука, порача претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која ја презентираше Брионската изјава за начелата на независност во судството на Правниот факултет.
Довербата во судствотот е на стаклени нозе , а зголемената загриженост на јавноста за нарушување на независноста на судството, според нејзе, треба да биде аларм за сите актери во судскиот систем.„Судиите често се изложени на неофицијални влијанија и притисоци низ разни форми и начини: од носителите на политички функции кои посредно или непосредно може да влијаат на нивниот статус и кариера, од економски моќници, од непосредно заинтересирани поединци, посредници врз роднинска или колегијално-професионална основа“, рече Неделкова.Притисоците, вели таа, не можат да се избегнат во ниту едно општество, но затоа многу е битна издржливоста и отпорот за зачувување на самостојноста и независноста на судиите.„Влијанијата врз судиите се можни, но ако судијата се придржува до законот и етиката тогаш никој не може да влијае врз неговата работа. Интегритетот на судијата е најважен и тој е дел од судскиот систем, треба сам да ја штити личната независност и непристрасност“, истакна Неделкова.Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски пак критиката на Неделкова ја прифати како конструктивна и добронамерна, но според него треба да се откријат конкретните проблеми, а не општи.Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет порача дека довербата во судството не може да се промени преку ноќ и дека на него треба да работат повеќе генерации и сите чинители во општеството./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

