Македонија
Судот одбил претрес, но го викнал Г.Г. на сослушување
Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство да издаде наредба за претрес во домот на лицето Г.Г., затоа што според законот за ова обвинителство, најпрво треба да биде утврдено дали тоа е стварно надлежно во тој случај, појаснуваат до Основниот суд Скопје 1.
Сепак, како што појаснија од судот, непосредно по поднесувањето на наредбата за претрес, а по изјавената несогласност на судијата за претходна постапка СЈО до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за истото лице. „Со оглед дека лицето за кое се однесува предлогот не беше обезбедено пред овој суд, судијата на претходна постапка согласно одредбите на ЗКП каде во Глава XVI се предвидени мерки за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка за наведеното лице, издаде покана да се јави веднаш во текот на денешниот ден во просториите на судот пред судијата на претходна постапка. Во врска со предлогот на обвинителството, судијата на претходна постапка по сослушување на лицето дополнително ќе донесе одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од Основниот суд Скопје 1..„Во врска со прашањата од повеќе медиуми за наредбата за претрес против лицето Г.Г., во текот на вчерашниот ден (вторник) од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) до овој суд беше доставено барање за издавање на наредба за претрес во дом на осомничениот Г.Г. Судија на претходна постапка постапи по ваквиот предлог при што не се согласи со истиот“, велат од судот. „Согласно чл.17 ст. 1 од ЗКП произлегува дека предуслов на судија за претходна постапка да постапи по барање на ова обвинителство е најпрво со сигурност да утврди дека ова Јавно Обвинителство е стварно надлежно во соодветниот случај кој би произлегол од конкретна содржина на незаконито следење на комуникации.Од барањето за издавање на наредба за претрес во која се наведува дека наредбата се бара заради пронаоѓање траги на кривични дела и предмети, најпрво неопходно е да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации“, соопштуваат од судот.Појаснуваат и дека „не се определени и не е даден прецизен опис на предметите чие што одземање се бара туку се користи општа терминологија на предмети кои можат да се пронајдат во сечиј дом, имајќи предвид дека согласно чл.189 ст.1 алинеа 5 од ЗКП наредбата за претрес треба да содржи опис на предмети што треба да се пронајдат при претресувањето“.СЈО пак, за 11 часот закажа прес-конференција, тематска, на која се очекува да бидат појаснети дејсвтијата преземени во вторник.Неофицијално, според медиумите, лицето од УБК по кое се трага е началникот на петтата управа Горан Грујоски, кој во моментов не е достапен за СЈО, а полицијата го бара за да овозможи негово сослушување./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

